Нови трикови кои ќе ве спасат од секојдневните проблеми
Благодарение на социјалните мрежи, кога некој ќе испроба еден трик и ќе успее, веднаш можете да го дознаете и вие.

Ако досега никаде не сте ги сретнале овие трикови, дефинитивно секојдневието ќе ви биде двојно полесно:
Доколку чувате мачка, под песокот секогаш ставете кеса. Чистењето ќе биде побрзо.

Заштитете се од плускавците од штиклите, така што на местата кои ве притискаат, ќе ставите парче од дневна влошка. Таа ќе го намали триењето.

За тоалетот да мириса попријатно, на хартијата ставете капки етерично масло разредено со малку вода.

Избегнете го непријатниот мирис при чистење со правосмукалка, така што во кесата ќе ставите малку прашок за перење.

Сите ручеци ќе бидат повкусни со следниов микс од зачини – бибер, црвен пипер и кари.

Лепенките и лепакот од тубите најлесно се вади со памукче натопено со средство за чистење шминка.

Хартиените тестери од парфеми ставете ги меѓу постелнината за попријатен мирис.

Користете го антибактерискиот дел за чистење на пазувите пред да нанесете дезодоранс, за ефектот да биде подобар.

Истурете неколку лажички цимет во кујнскиот мијалник и потоа исплакнете со жешка вода. Непријатниот мирис ќе исчезне веднаш.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“
„Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото
Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Ако сте љубезни со непознати, а дрски дома - Вие не сте добра личност, само градите лажен имиџ“
„Можете да бидете љубезни кон животните, кон продавачите, кон секој странец кој ...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност
Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“
„Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
Бонтон правила што мора да ги следите на социјалните мрежи
Не пишувајте навредливи коментари кои не би ги кажале во живо и подобро воздржет...