Одлично зборувам германски и француски: За што најчесто лажат луѓето на интервју за работа?

Општо познато е дека сите ја извртуваме вистината на нашите кратки работни биографии и на интервјуата за работа. Некои повеќе, некои помалку, но сите ги „филуваме“ деталите за да ја добиеме посакуваната работна позиција.

odlichno-zboruvam-germanski-i-francuski-za-shto-najchesto-lazhat-lugjeto-na-intervju-za-rabota-01.jpg

Никој нема да признае дека го отпуштиле од претходната работа бидејќи нон-стоп доцнел или правел паузи подолги од дозволеното. Сепак, не треба да се претерува со лажењето бидејќи порано или подоцна вистината излегува на виделина.

Според најновото истражување кое го спроведе компанијата за истражување на пазарот You Gov, кандидатите на интервју најчесто лажат за нивното образование.

40% признале дека ги разубавиле фактите за образованието, од оценки до степенот на образование. Некои велат дека магистерската им е во тек или дека биле одлични во средно, а често се лаже и за познавање на некој странски јазик.

35% од испитаниците лажеле за тоа колку време поминале во одредена компанија, а 30% за степенот на искуство што го стекнале на претходните работни места.

odlichno-zboruvam-germanski-i-francuski-za-shto-najchesto-lazhat-lugjeto-na-intervju-za-rabota-02.jpg

Постојат и луѓе кои отворено кажуваат имиња на претходни шефови и даваат телефонски броеви за препорака. Тие броеви се всушности броеви на нивни пријатели кои би лажеле во нивно име, ако некој се јави за да праша дали кандидатот на интервју се покажал како добар вработен на некоја претходна работа.

Само мал процент на луѓе лажеле за нивната возраст, а дури и за нивното име и презиме.

Сепак, убаво размислете пред да напишете некоја лага во вашето CV што лесно може да се открие. Немојте отворено да лажете на интервјуата, особено за важни работи, за да спречите проблеми кои би можеле на настанат во иднина.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
Заборавената сопруга од Србија на Ајнштајн: Му ги решавала математичките проблеми, тој ја изневерува... Првата сопруга на Ајнштајн, Србинката Милева Мариќ, бла гениј исто како и физича...

Најчитани неделава