Бон-тон правила на 21-ви век: Не пишувајте со големи букви, не барајте сметка пред сите да се дојадат

Бон-тонот не е создаден само за малите деца да знаат како треба културно да се однесуваат.

bon-ton-pravila-na-21-vi-vek-ne-pishuvajte-so-golemi-bukvi-ne-gi-oznachuvajte-prijatelite-na-loshi-sliki-01.jpg

Ова се норми кои треба да ги почитуваат сите, бидејќи се создадени за луѓето да се чувствуваат пријатно во ваше присуство.

Старите добри правила ни се веќе познати, но времето се менува и треба да научиме некои модерни правила на однесување.

Ова се дел од нив:

На интернет

  • Немојте да им правите „лиги“ на пријателите со прекрасни фотки од плажи ставајќи ја само температурата. Подобро е да ставите краток опис за местото што сте го објавиле.
  • Не дискутирајте на теми кои ве засегаат само вас и вашата пријателка во коментари на слика. Постојат директни пораки за тоа.
  • Не ги означувајте пријателите на лоши слики.
  • Не користете големи букви – изгледа како да викате.
  • Постојат 3 добри причини за да објавите слика од храна: ако сте го подготвиле јадењето сами, ако постои приказна зад храната (споделете ја) и ако храната е навистина невообичаена.

bon-ton-pravila-na-21-vi-vek-ne-pishuvajte-so-golemi-bukvi-ne-gi-oznachuvajte-prijatelite-na-loshi-sliki-02.jpg

Поздравување

  • За вербално поздравување, мажите се поздравуваат прво со жените, младите со постарите, а инфериорните ги поздравуваат супериорните.
  • Личноста на која странецот и е претставен е првиот кој ја пружа својата рака за ракување. Па така, жената ја пружа раката на мажот, постарата личност на помладата и шефот секогаш ја пружа неговата рака прва.
  • Без разлика каков статус имате, кога влегувате во просторија, прво кажете „добар ден“ или „здраво“.
  • Кога претставувате на некого некоја личност, дајте малку повеќе информации: „Ова е мојата пријателка Марија и таа е ветеринар.“ Така двете личности ќе имаат малку претстава еден за друг и ќе имаат за што да разговараат за почеток.
  • Мажот треба да ја извади ракавицата (ако носи) пред да се ракува.
  • Кога влегувате во такси, прво поздравете го возачот.
  • Ако личноста што влегува во просторија ја пружи својата рака на некој што седи, другата личност треба да стане – ракувањето додека седите не е културно.
  • Ако вашиот придружник се поздрави со некого, и вие треба да се поздравите или барем да кажете „здраво“.
  • Никогаш не пружајте рака на некого додека сте во тоалет или на излез од него. Севкупно, ако рацете ви се мокри, нечисти или носите нешто тешко, подобро е да се извините и да не се ракувате.
  • Не пружајте рака преку маса.

bon-ton-pravila-na-21-vi-vek-ne-pishuvajte-so-golemi-bukvi-ne-gi-oznachuvajte-prijatelite-na-loshi-sliki-03.jpg

Кога сте на гости или имате гости

  • Не одговарајте на поканата со прашањето: „Кој друг ќе биде таму?“. Тоа е некултурно.
  • Ако имате гостин, исклучете го телевизорот и не седете на компјутер или телефон.
  • Ако мора да се јавите на телефон, не се задржувајте подолго од 5 минути.
  • Ако сите гости седнете на маса, чекајте да ви се придружи и домаќинот пред да почнете да јадете.
  • На почетокот додека повеќето гости се собираат, држете го пијалакот во левата рака. Во спротивно, раката со која се ракувате ќе ви биде мокра и ладна, што не е баш пријатно за другата личност.
  • Ако си одите први од сите останати гости, поздравете се само со домаќинот. Во спротивно, ќе им дадете сигнал на другите дека и тие треба да си одат.

bon-ton-pravila-na-21-vi-vek-ne-pishuvajte-so-golemi-bukvi-ne-gi-oznachuvajte-prijatelite-na-loshi-sliki-04.jpg

Во ресторан

  • Некултурно е да му се придружите на пријател кој седи на маса со непознат човек. Можете да го направите тоа само ако тие ве поканат.
  • Не е препорачливо да побарате сметка додека другите на вашата маса не завршат со јадењето.
  • Ако храната што сте ја нарачале ја сервираат со сос во посебен сад, ставете си од сосот во вашата чинија или побарајте нов само за вас. Немојте да натопувате парчиња храна во сосот кој е наменет за сите.
  • Не го бирајте најубавото парче од храната сервирана за сите. Земете го парчето кое е најблиску до вас.
  • Не си точете пијалак само за вас. Прво понудете ги тие што се до вас.

bon-ton-pravila-na-21-vi-vek-ne-pishuvajte-so-golemi-bukvi-ne-gi-oznachuvajte-prijatelite-na-loshi-sliki-05.jpg

На телефон

  • Не користете пораки за да споделите важни свести.
  • Секогаш гасете го звукот на ѕвонење кога сте во театар, кино, библиотека или читална.
  • Ако некој не ви одговори на повикот по 5-тото титкање, треба да спуштите.
  • Ако се допишувате со пријатели, во ред е да погледнете неколкупати во телефонот. Но, ако треба да се јавите, тргнете се неколку метри настрана за да не пречите на никого со вашиот разговор.
  • Ако повикот бил прекинат или не сте можеле да го добиете тој што го барате, вие сте тие што треба повторно да заѕвоните подоцна.
  • Ако ѕвоните на некого од непознат број, претставете се со целосно име и презиме, за соговорникот да не мора да се мисли со кого точно раговара.

bon-ton-pravila-na-21-vi-vek-ne-pishuvajte-so-golemi-bukvi-ne-gi-oznachuvajte-prijatelite-na-loshi-sliki-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 правила за бон-тон однесување на плажа, кои културните луѓе ги знаат и во сон Не ги преместувајте лежалките од бич барот кадешто престојувате на начин кој вам...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Верувате ли дека ангел чувар нѐ следи насекаде? Знаци дека е во близина и ве чува Некои луѓе веруваат дека нивниот ангел чувар е духовно суштество кое работи за н...
Жените му биле секс робинки, ги жигосувал со неговите иницијали – морничавиот култ на Кит Раниер Криејќи се зад семинари за личен развој, Кит Раниер направил култ во кој ги експ...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg