Знаци по кои ќе препознаете дека некој има задни намери

Луѓето што се љубезни со вас и се прават дека ви се пријатели тешко можат да се препознаат дали ви мислат добро, особено ако сè уште не ги познавате добро.

znaci-po-koi-kje-prepoznaete-deka-nekoj-ima-zadni-nameri-01.jpg

Зад фасадата на добар пријател подготвен секогаш да помогне, тие многу умешно кријат дека сакаат само да ве искористат.

Но, има знаци по кои може лесно да ги препознаете:

Не ве слушаат

Луѓето кои не пројавуваат интерес за она што им го кажувате и не ве слушаат додека зборувате може да значи дека немаат почит или не ве сметаат за вистински пријател, туку сакаат нешто од вас. Ваквите луѓе се себични и сакаат да бидат во центарот на вниманието.

Имаат многу барања

Кога некој постојано бара услуги од вас, а кога ви треба нешто вам, никаде го нема, тоа е јасен знак дека сака да се дружи со вас додека има корист. Можеби изгледа како љубезен на моменти, но верувајте дека откако ќе го добие тоа што го сака ќе ве откачи.

Имаат чуден говор на телото

Не ве гледаат во очи додека зборувате, седат нервозно покрај вас, ја вртат главата како да не ве слушаат – говорот на телото многу ги издава ваквите луѓе. Забележете како се однесуваат кога сте заедно и бидете внимателни – луѓето што имаат задни намери многу умешно се кријат.

Постојано сакаат да ве разубедат

За луѓето со задни намери, разубедувањето е како игра. Вие сте им мета и тие постојано ќе се обидуваат да ви ги променат ставовите и плановите за да им одговара на нивните желби. Ако забележите дека ова се случува често, време е да го прекинете пријателството.

Имате чудно чувство кога сте во нивно друштво

Интуицијата никогаш не лаже. Ако во друштво на одредени пријатели се чувствувате чудно или непријатно, тоа е сигурен знак дека нешто не е во ред. Обидете се да одиграте паметно и да дознаете какви им се намерите на овие навидум љубезни пријатели.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
6 знаци дека трошите неконтролирано (и не знаете каде ви одат парите) Секој ден купувате кафе наместо да си носите од дома, постојано купувате оброци ...
Грешки со кои несвесно (и непотребно) си создавате стрес на летниот одмор Правите натрупан распоред за секој ден наместо да се релаксирате и имате нереали...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
Детали од секојдневието на Американците што секогаш ги изненадуваат странците „Луѓето немаат платен одмор. Неодамна чичко ми се пресели од САД во Англија и ре...
8 знаци дека генерацијата Z веќе не ги прифаќа старите начини на работа (и како ги смени со нови нор... Одбиваат менаџерски позиции, не остануваат долго на една позиција, инсистираат н...

Најчитани неделава