Лево или десно: Која е вистинската Селена Гомез?

Верувале или не, една од нив не е популарната пејачка, туку нејзината двојничка на социјалната мрежа Инстаграм. Пронајдете ја разликата, ако можете?!

levo-ili-desno-koja-e-vistinskata-selena-gomez-1.jpg

Селена Гомез одлично испаднала и на двете фотки, зар не? Само што на левата фотографија не се наоѓа таа, туку нејзината „близначка“, која ги воодушеви фановите на пејачката и странските портали.

Доколку помисливте дека личноста на фотографијата е Селена, не сте единствени. Бројни корисници на Инстаграм го имаат истото мислење, но сепак, станува збор за двојничката на пејачката - Софија Соларес, која неодоливо потсетува на 25-годишната музичка ѕвезда.

Прекрасната Софија има 23 години и живее во Мексико. Благодарение на големата сличност со поп-пејачката, таа стана вистинска ѕвезда на Инстаграм, каде ја следат преку 200 илјади луѓе.

Се разбира, нејзе ѝ ласкаат споредбите со Селена, што го потврди и во интервјуто за магазинот E!.

„Ја сакам Селена Гомез и признавам дека сум нејзина обожавателка. Би било прекрасно кога би дознала дека постојам и издвоила неколку секунди за да ми испрати порака. Би плачела од среќа.“, призна Софија.

Сепак, иако физички премногу наликува на пејачката, Софија истакна дека не се труди и карактерно да биде слична на неа, туку сака да ја задржи својата индивидуалност и приватност.

Но, за сѐ да биде уште поинтересно, и оваа „Селена“ има свој „Џастин“.

А, како ви изгледа вам?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...

Најчитани неделава