Што значат имињата на брендовите H&M, Ray-Ban и Adidas?

Дали некогаш сте се прашувале од каде доаѓаат имињата на познатите светски брендови?

shto-znachat-iminjata-na-brendovite-h-m-ray-ban-adidas-01.jpg

Дел од модните брендови го носат името и презимето на дизајнерите, но за одредени брендови кои се познати низ светот не знаеме зошто така се викаат.

Во продолжение прочитајте што означуваат имињата на H&M, Ray Ban и Adidas:

H&M

Основачот на H&M, Ерлинг Персон, ја отворил првата продавница во 1947 во Шведска под името Hennes, што на шведски значи „нејзино“. Тогаш се продавала само женска облека.

Но, во 1968ма, Hennes го промениле името бидејќи им се придружил и друг бренд, Mauritz Widforss, бренд за риболовна опрема. Во продавницата, освен женска облека, почнала да се продава и облека за мажи и за деца, а името станало Hennes and Mauritz.

Во 1974та, името е скратено на првите букви, H&M, а брендот постои и денес.

shto-znachat-iminjata-na-brendovite-h-m-ray-ban-adidas-02.jpg

Ray-Ban

Модата секојдневно се менува, но Ray-Ban остана вечна класика за која нема алтернатива. Сигурно и вие, а можеби и вашите родители сте носеле пар „рејбанки“ некогаш во животот.

Овој бренд е оформен во 1937 година од американската компанија Bausch & Lomb. Тие го измислиле познатиот авијаторски облик откако еден пилот им побарал да направат очила за заштита од сонце за време на лет во авион. Овој дизајн за кратко станал многу популарен и баран и кај припадниците на армијата и општо кај луѓето.

Моделот комплетно ги одбивал сончевите зраци (на англиски ray ban), па оттаму и дошло името Ray-Ban (одбивач на зраци).

shto-znachat-iminjata-na-brendovite-h-m-ray-ban-adidas-03.jpg

Adidas

Името на познатиот спортски бренд Адидас доаѓа од името на неговиот основач Адолф (Ади) Даслер кој на неговиот прекар Ади ги додал првите три букви од неговото презиме Даслер.

Адолф потекнува од мало германско гратче каде во периодот меѓу двете светски војни заедно со неговиот брат направил успешен бизнис за спортски обувки, Gebruder Dassler. Но, браќата имале многу несогласувања и се разделиле. Адолф продолжил да создава под името Adidas, а неговиот брат Рудолф го основал брендот PUMA.

shto-znachat-iminjata-na-brendovite-h-m-ray-ban-adidas-04.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 (не толку) забавни ситуации пред празниците во кои ќе се препознае секоја жена Планирате да поминете најмалку можно време во кујната пред празниците, но толку ...
„Живеам на Алјаска, каде температурите во зима се -40˚C – се греам на дрва, носам волнена долна обле... Американецот Џош Спајс веќе 16 години живее на Алјаска и за него температурите к...
Работела како продавачка додека студирала – Која е скромната (и таинствена) наследничка на Primark? Основачот на Primark има пет деца од две жени, а неговата најмала ќерка, Џес реш...
Неучтиви работи што многу луѓе ги прават во теретана (а не треба) Не ги враќаат теговите на свое место, прават цела фотосесија пред огледалото, пу...
Потресна исповед на ќерка на сериски убиец: „Не сакав да верувам дека татко ми е способен да измачув... Кери Росон од САД е ќерка на озлогласениот сериски убиец Денис Радер кој има уби...
„Белата како спокој и мир во гласниот свет“ – Pantone ја објави бојата на 2026 година Cloud Dancer е прогласена за боја на 2026-та година од Pantone - насекаде ќе гле...

Најчитани неделава