Што се случува со нашето тело кога читаме или слушаме лоши вести?

Урагани, поплави, земјотреси, војни – секојдневно сме преплавени со вакви вести од светот. Сите овие информации дополнително влијаат на и онака стресното секојдневие кое го наметнува модерното живеење.

shto-se-sluchuva-so-nasheto-telo-koga-chitame-ili-slushame-loshi-vesti-01.jpg

Психолозите тврдат дека луѓето се толку навикнати да слушаат и да читаат вакви негативни вести, што не се ни свесни какви последици има тоа на менталното здравје.

Сигурно ќе се пронајдете во групата луѓе кои се вклучуваат на интернет веднаш откако ќе се разбудат или непосредно пред да си легнат навечер. Оваа навика е посебно штетна според психолозите, а последиците од неа тие ја нарекуваат „умор поради катастрофи“.

Кога сме постојано изложени на лоши вести, во мозокот се лачат хормони кои нé прават понервозни, песимистички настроени, па дури и пасивнии и без желба да дејствуваме. Телото се грчи и чувствуваме голем замор.

Бидејќи постојано живееме на ваков начин, оваа состојба ја сметаме за нормална и не сме свесни дека тоа може да има трајни последици.

shto-se-sluchuva-so-nasheto-telo-koga-chitame-ili-slushame-loshi-vesti-02.jpg

За среќа, иако не можеме целосно да се изолираме од социјалните мрежи и лошите вести, постои начин да го намалиме негативниот ефект.

Психолозите советуваат да го исклучувате телефонот одвреме-навреме на неколку часа.

Ако тоа не е можно, обидете се да не читате вести веднаш откако ќе станете, а особено пред да си легнете.

Уште еден начин кој помага е да ги исклучите известувањата на телефонот или да го ограничите времето кое го поминувате во читање на вести и новости од светот.

Секако дека треба да бидеме во тек со информациите, но гледајте кога веќе читате нешто такво, да не се задлабочувате емотивно или повеќе да се фокусирате на добрите вести.

Важно е и да се грижите за себе и секој ден да одвоите барем 10 минути во кои нема да правите ништо. Седете во тишина, без компјутер, без телефон и без други луѓе околу вас. Постепено, ќе ја почувствувате разликата.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
„Дедо ми е педофил кој ми го украде детството - сите му се восхитуваа, само јас знаев дека е чудовиш... „Кога првпат почна да ме допира, не ми беше јасно што се случува. Се прашував да...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
Детали од секојдневието на Американците што секогаш ги изненадуваат странците „Луѓето немаат платен одмор. Неодамна чичко ми се пресели од САД во Англија и ре...
Што се читаше најмногу на CRNOBELO.com во 2025-та? Трагедијата што ја погоди Македонија остави голема трага врз 2025-та, но никогаш...
Што навистина се случува во бракот на Доналд и Меланија (зад затворени врати)? Според Доналд и Меланија, нивниот брак е совршен, тврдат дека немале ниту една к...

Најчитани неделава