Зошто во авионите не даваат падобрани во случај на несреќа?

Многумина од луѓето кои патуваат со авиони, некогаш се имаат запрашано зошто во авионите нема падобрани во случај на несреќа.

zoshto-vo-avionite-ne-davaat-padobrani-vo-sluchaj-na-nesrekja-01.jpg

Некои сметаат дека во тој случај би можеле многумина да се спасат, но сепак тоа не е вистина.

Постојат неколку причини заради кои ова не е возможно.

Недостатокот на падобрани за патниците е објаснет со неколку факти:

1. Авионот како превозно средство е многу безбедно, а за споредба, шансите за авионска несреќа се 1:11.000.000, а за несреќа со автомобил се 1:5.000.

zoshto-vo-avionite-ne-davaat-padobrani-vo-sluchaj-na-nesrekja-02.jpg

2. Авионите летаат на надморска височина од 10-12 километри со брзина од 800-1.000 километри на час. Во такви услови, падобранот е бескорисен – температурата е од -40ᵒС до -60ᵒС, атмосферата е тенка и практично нема кислород, а човекот не би преживеал.

zoshto-vo-avionite-ne-davaat-padobrani-vo-sluchaj-na-nesrekja-04.jpg

3. Голем број на несреќи се случуваат за време на полетување и слетување. Во овој случај, патниците не би имале време да ги искористат падобраните, бидејќи на толку ниска висина нема доволно време да се отворат.

zoshto-vo-avionite-ne-davaat-padobrani-vo-sluchaj-na-nesrekja-03.jpg

4. За време на несреќата, луѓето се во паника и би било многу тешко сите да успеат да ги стават падобраните и да се организираат да скокнат.

5. Многу е скапо авионот да биде опремен со падобрани за 150-200 луѓе. Освен тоа, авионите ќе мора да обезбедат простор за толку голема количина и тежина, па така би имало и помалку простор за багажот на патниците. Тоа ќе доведе до повисоки цени за билети, бидејќи трошокот ќе биде голем.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 (не толку) забавни ситуации пред празниците во кои ќе се препознае секоја жена Планирате да поминете најмалку можно време во кујната пред празниците, но толку ...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава