Мистериозната принцеза од 19 век која успеала да измами цел град

 На 3 Април, 1817 година, една млада жена како од никаде се појавила во Алмондсбури, мало гратче оддалечено само неколку километри од Бристол, Англија.

misterioznata princeza od 19 vek koja uspeala da izmami cel grad 1

Таа била облечена во развлечен црн фустан и шал и носела турбан на главата. Изгледала многу збунето како да патувала долго време. Со себе носела малку работи, вклучувајќи сапун и неколку основни прибори за хигиена кои биле завиткани во некој материјал. Најинтересно било што зборувала некој егзотичен јазик што никој во гратчето не можел да го разбере.

Локалците биле вчудовидени. Мислејќи дека таа е некоја обична жена што проси ја однеле до локалното прифатилиште. Но, наместо да ја прифати, чуварот бил сомнителен и ја испратил кај локалниот судија, Самуел Ворал во неговата службена куќа позната како Нол Хаус. Судијата пак го повикал својот собар кој бил од Грција и познавал многу медитерански јазици да проба да преведе од каде е всушност жената.

Кога по неколку обиди пробале со гестикулации да ја убедат жената да покаже некаков вид на идентификација, таа само ги испразнила џебовите во кои имала неколку монети.

Ворал многу се сомневал, меѓутоа на неговата сопруга ѝ било жал за жената и исто така била фасцинирана од нејзиното ненадејно појавување во инаку здодевното гратче.

По нејзина упорност, мистериозната жена била испратена да ја помине ноќта во локалната гостилница. Кога таа стигнала таму, нејзиното однесување станало уште почудно. Таа не сакала да јаде и пиела само чај, кажувала некоја чудна молитва и со едната рака си ги криела очите.

Препознала некоја слика од ананас која стоела на ѕидот од гостилницата, па така локалците почнале да мислат дека таа доаѓа од некоја далечна тропска земја. Кога дошло времето да си легне, не сакала да спие на креветот, туку легнала да спие на подот.

После долгата ноќ за персоналот во гостилницата, госпоѓа Ворал ја вратила жената повторно во Нол Хаус. До тогаш биле откриено дека името на жената е Карабу, затоа што таа цело време го повторувала истото име покажувајќи кон себе. Но, на госпоѓа Ворал и здодеало, жената изгледала како обичен просјак и таа одлучила да ја предаде на локалниот затвор, каде што ја уапсиле поради скитништво.

Неколку денови подоцна веста за непознатиот, мистериозен странец во Алмондсбури се проширила. Се повеќе и повеќе луѓе почнале да ја посетуваат и да зборуваат на различни јазици со надеж дека некој ќе открие од каде таа всушност доаѓа. 10 дена подоцна некој португалски морнар, Мануел Ејнесо кој случајно бил во Бристол ја посетил Карабу. Тој го разбрал нејзиниот јазик како микс од повеќе јазици и почнал да ја преведува нејзината извонредна приказна.

misterioznata princeza od 19 vek koja uspeala da izmami cel grad 2

Карабу, не била просјак туку принцеза од островот Јавасу кој се наоѓа во Индискиот Океан. Таа била киднапирана од пирати кои ја држеле во заробеништво сè додека таа не успеала да избега кога скокнала во канал во Бристол. Оттогаш таа поминала 6 недели просејќи и скитајќи пред да се најде во Алмондсбури.

Приказната била невообичаено и госпоѓа Ворал била многу возбудена. Таа решила дека Карабу доаѓа од кралска фамилија и треба да добие кралски третман. Карабу почнала да живее во Нол Хаус и околу 10 недели се приредувале големи забави во нејзина чест.

Приказната за принцезата Карабу продолжила да се проширува преку медиумите и нејзиниот опис бил испринтан во локалниот весник во Бристол.

Копија од весникот случајно стигнала и до еден пансион кој бил во сопствеништво на госпоѓа Нил која ја препознала жената. Но, не како киднапирана принцеза, туку како нејзина гостинка која престојувала некогаш во пансионот по име Мери Бејкер. Принцезата Карабу била една огромна измама.

Зборовите на госпоѓа Нил стигнала и до куќата на госпоѓа Ворал. Таа првично била скептична за приказната, меѓутоа решила да ја прошета принцезата Карабу до пансионот каде што ја излажала дека треба да и нацртаат портрет. По само неколку минути откако стигнале во пансионот веќе сигурно се знаело дека принцезата Карабу е измамник.

Мери Бејкер признала се во солзи. Таа била родена во мало селце оддалечено околу 70 километри од Бристол, нејзините родители ја избркале од домот уште кога била многу мала, работела неколку работи, но не можела сепак да заработи доволно па се нашла на улица каде била принудена да проси.

Тогаш таа почнала да ја создава приказната дека е странец затоа што сфатила дека на тој начин луѓето повеќе ја сожалувале и ѝ давале повеќе пари. Така таа ја измислила приказната за принцезата Карабу и измислила комплетно неразбирлив јазик со кој ги забавувала децата во домот на госпоѓа Нил.

misterioznata princeza od 19 vek koja uspeala da izmami cel grad 3

Нејзината иновативност ја искористила за го измами целото гратче. Откако се разоткрила целата приказна за Бејкер, таа повторно била во сите медиуми. Но, наместо медиумите да бидат против неа, тие ја пишувале нејзината приказна како триумф на работничката класа над аристократијата. Бејкер станала херој, немала никакво знаење, пари или статус а успеала да ги измами најголемите благородници.

Дури и госпоѓа Ворал го почитувала успехот на Бејкер. Иако на почеток била лута, по некое време почнала да симпатизира со вистинската приказна на Бејкер. Таа продолжила да и помага да си го среди животот и собрала доволно пари за да и помогне да се пресели во Филаделфија и да има нов почеток.

Кога стигнала во Америка, Бејкер успеала нејзината слава да ја преточи во шоу во Њујорк каде го глумела карактерот на принцезата Карабу. Неколку години подоцна се вратила во Англија и го имала истото шоу во Лондон, но тоа не било многу успешно.

Таа накрај останала да живее во Бристол каде што продавала пијавици на локалната амбуланта. Го работела тоа околу 30 години пред да почине од срцев удар.

Никој не дознал која е приказната на португалскиот морнар и како тој го разбрал измислениот јазик, освен ако и тој не бил соучесник.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg