Никој не го интересира какво смути испивте денес: 6 знаци дека сте здодевни на Фејсбук

Навистина нема потреба да ги фотографирате авионските карти, светот ќе преживее и без оваа информација.

nikoj-ne-go-interesira-kakvo-smuti-ispivte-denes—7-znaci-deka-ste-zdodevni-na-fejsbuk-01.jpg

Сигурно и вас ви се случило фотографии или објави од некои ваши пријатели на социјалните мрежи да ве иритираат. Кога ќе видите нешто од типот: „Колку романтична вечер за пуканки, филм и дечко, само дечко ми фали“ ви доаѓа да отидете и да ги истепате во реалноста. Од каде потребата за ваква доза патетика во јавност?

Некои навики на социјалните мрежи ги нервираат луѓето, па еве што треба да избегнувате:

1. Постирате нешто што ѝ е интересно само на вашата мајка. Дека на вашето дете му израснало првото запче или дека оваа година првпат појдовте на фитнес, навистина не ги интересира другите. Исто така, светот нема да пропадне ако никој не види какво смути испивте денес.

2. Играте на карта на мистерија. Одбивност создавате секој пат кога ќе постирате дека нешто важно ви се случило, но не откривате што. Исто така нервира кога прикачувате фотографија од убава дестинација и ставате опис „Го пронајдов својот рај“, па чекате пријателите во коментар да ве прашаат каде е тоа, па дури тогаш да одлучите да ја откриете мистериозната дестинација.

3. Објавувате видеа од пријателства. Супер е што сте пријатели на Фејсбук 8 години со другарка ви од детство, но тоа останатите навистина не ги интересира. Тие немаат потреба да го гледаат видеото со вашите заеднички фотографии и интеракција. Тоа е значајно само за вас две.

4. Ставате низа идентични фотографии. Пиете кафе во кафуле и само затоа што толку многу ви се допаднал ентериерот навистина нема потреба да ставате 10 фотографии како позирате еднаш сериозни, еднаш насмеани на истата локација. Една е сосема доволно.

5. Прикажувате колку е прекрасен вашиот живот. Сакате другите да ви завидуваат колку прекрасно живеете, па прикачувате фотографии од авионски билети, се фотографирате во хеланки пред огледало за да се пофалите со затегнатите мускули, прашувате за совет каде да го поправите вашиот iPhone X итн.

nikoj-ne-go-interesira-kakvo-smuti-ispivte-denes—7-znaci-deka-ste-zdodevni-na-fejsbuk-02.jpg

6. Ставате клише статуси и злоупотребувате туѓа креативност. Доста користевте туѓи твитови за да собирате лајкови на статус. Исто така нема потреба од клише фрази како „Уште елката не ми кажа годинава кога ќе те мажиме“. Сите веќе ги имаат видено на друго место и навистина не се забавни.

Неколку инстант совети:

- Пред да споделите фотографија размислете дали би ја развиле и би ја ставиле во албум како во минатото. Ако не, тогаш нема потреба да ја ставате или нека оди само на опцијата „story“.

- Наместо само да прикачите фотографија од некоја зграда, напишете која е таа и зошто е позната, барем дадете им корисни информации на пријателите.

- Добриот пост секогаш треба да му донесе нешто позитивно на светот. Тој треба да е корисен, убав или забавен, а не да покаже колку сте богати или атлетски градени.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава