8 мистериозни начини на кои вашата душа ви „зборува“

Соништата, визиите и претчувствата понекогаш навистина не треба да ги игнорирате.

7-misteriozni-nachini-na-koi-vashata-dusha-vi-zboruva-01.jpg

Дали понекогаш чувствувате дека нешто пропуштате, ве мачи некој внатрешен немир, иако не минувате низ стресен период, или упорно сонувате една иста работа?

Можеби на овој начин вашата душа и потсвест комуницираат со вас.

Мистериозни сигнали на кои треба да обрнете внимание:

Соништа

Се вели дека соништата се кралски автопат до нашите најскриени мисли. Кога спиеме нашиот ум станува слободен да талка каде и да посака. Немаме контрола над свеста и нашата душа „зборува“ преку соништата.

Нашите стравови, желби, амбиции, сето тоа се појавува тука, само треба да обрнеме внимание.

Претчувство

Колку пати сте помислиле нешто дека ќе се случи на одреден начин? Колку пати без причина сте имале добро или лошо претчувство и сте делувале според вашите инстинкти?

Нашите души нè поврзуваат со нашата вистинска природа. Кога се двоумиме се случува како нешто од внатре да ни говори кој пат да го фатиме.

 Синхронизирани настани

Понекогаш ни се случуваат низа настани, кои индивидуално не значат ништо, но ако ги споиме точките посочуваат на нешто.

Дури подоцна ја сфаќаме смислата на настаните и големата слика.

Визии

Понекогаш како да сонуваме со отворени очи. Ни минува мисла која не можеме да ја игнорираме.

Често вакви мисли минуваат кога медитирате или се релаксирате во тишина. Обрнете внимание на нив.

7-misteriozni-nachini-na-koi-vashata-dusha-vi-zboruva-03.jpg

Повторување на бројки/букви

Дали понекогаш ви се случило постојано да гледате одредена бројка и тоа да ве наведе на размислување што значи?

Понекогаш броевите или зборовите што ги гледаме насекаде навистина ни посочуваат на нешто. Остануваат во нашата глава долго откако ќе ги видиме, размислете зошто.

Животни

Некогаш животните како да имаат некакво претчувство и се обидуваат да искомуницираат со вас. Како да постои нешто паранормално за кое тие се свесни, а вие не.

Игнорирањето на овие знаци е на ваш ризик.

Вознемиреност

Чувствувате некоја необјаснива вознемиреност, иако не сте имале никаква стресна ситуација.

Внатрешниот немир понекогаш е предупредување за нешто кое ќе го направиме. Пред да делувате во таква ситуација, размислете два пати.

Чувство дека нешто недостига или е чудно

Понекогаш како нешто да не е во ред во вашиот живот, како да пропуштате нешто. Директно од душата ви доаѓа некое чувство дека нешто треба да преземете со својот живот.

Обрнете внимание на насоката во животот и сторете нешто во врска со тоа.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...

Најчитани неделава