Зошто славиме Водици и кој празнува именден денеска?

Во христијанската религија, кумот се смета за духовен родител на крстениот и негов најблизок роднина.

Zosto-slavime-Vodici-i-koj-praznuva-imenden-deneska-01.jpg

Водици или Богојавление е денот во кој Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, според христијанското предание.

Со овој голем празник се заокружуваат дванаесетте т.н. „некрстени денови“, како и циклусот на зимски празници поврзани со Бадник, Божиќ и Нова година (Василица).

Водици по правило се празнува два дена. Првиот ден е 19 јануари, кој покрај Богојавление уште се нарекува и Војордание и Машки Водици. Вториот ден пак е следниот, 20 јануари, наречен Женски Водици.

На првиот ден од празникот во коледица одат само мажите, а вториот ден само жените.

Традиционално во Македонија во многу населени места, свештениците го фрлаат крстот во некоја поголема вода – базен, река, езеро, а луѓето скокаат во водата во обид да го фатат крстот. Се верува дека оној што ќе успее да го фати крстот ќе биде среќен во текот на целата година.

Zosto-slavime-Vodici-i-koj-praznuva-imenden-deneska (1).jpg

Zosto-slavime-Vodici-i-koj-praznuva-imenden-deneska (2).jpg

Овој свет ритуал го симболизира влегувањето на синот божји во реката Јордан.

Според преданието, Водици е денот кога водите стануваат лековити. Токму затоа многумина си земаат од испеаната (светена) вода за дома, или пак му приоѓаат на попот да ги попрска со истата за среќа, здравје и бериќет.

На денешниот ден, именден празнуваат Богдан, Бојан, Богомил, Богдана, Данчо, Данка, Даница, Јордан, Јорданка, Јован, Јованка.

Нека ни е честит еден од најголемите и најубавите христијански празници!

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Празници им се и на оние во болница, а и на оние кои примаат сочувство - Имајте разбирање за нив“ Среде еуфоријата во празничниот период забораваме дека најважниот подарок всушно...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Цела недела пиев по 3 литри вода дневно – позитивните промени беа поголеми отколку што очекував“ „Најголема промена видов во кожата – лицето веќе ене ми беше суво, туку хидриран...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
Инфлуенсерка сподели грозен хотелски трик – перење долна облека во кафемат, се соочи со критики (вид... Инфлуенсерка се соочи со куп критики, а се шпекулира дека добила тужба од хотел,...
Семејство од САД ја украсува истата елка цела 42 години: „Веќе е дел од нашето семејство, еднаш ја с... Семејство од Калифорнија цели 42 години ја кити истата елка за празничната сезон...

Најчитани неделава