Правила за однесување во зима кои треба да ги следите за да избегнете непријатности

Зимата секој различно ја доживува, но независно од тоа дали ја сака или мрази, како за сè останато, така има посебни правила кои треба да се почитуваат во ова годишно време.

pravila-za-odnesuvanje-vo-zima-koi-treba-da-gi-sledite-za-da-izbegnete-neprijatnosti-01.jpg

Посебно, кога ќе падне снег, кога временските услови не се совршени и сообраќајот е отежнат.

Важно е секој да се однесува правилно и да не предизвикува непотребни непријатни ситуации.

Па доколку сакате да уживате во зимските денови, следете ги следните правила на однесување во зима:

Однесување на тротоар и улица во град

1. На дожд, снег или мраз, кочењето на возилата е отежнато, па како пешак, не треба да поминувате улица, без возилото целосно да застане, или да сте сигурни дека е подалеку, дури и ако семафорот покажува зелено светло за вас, или на пешачки премин имате предност. Подобро е да почекате.

2. Носете рефлективни елементи, бидејќи тие ја намалуваат можноста за несреќа за 85%. Одберете накит, беџ, чанта или други додатоци во бела или жолта боја, бидејќи тие се најсветли. Така, возачите ќе можат да ве забележат и од подалеку.

3. Не се доближувајте блиску до патот, бидејќи под тркалата на возилата може да има камчиња или парчиња мраз кои може да ве повредат при летање. Исто така, под снежните и водени површини, може да има дупки кои возачот доцна ќе ги забележи, па со цел да ги избегне, ќе се доближи повеќе до тротоарот.

4. Кога поминувате улица со дете, не само што треба да го држите цврсто за рака, треба да го држите и за јакната, бидејќи не е реткост децата да ви ја отпуштат раката, посебно кога носат ракавици.

5. Облечете го топло детето, но немојте со шалови и други додатоци со кои ќе го „замотате“да му ја намалувате видливоста.

6. Кога има снег, логично е патот да се лизга, па секогаш бирајте зимски чевли со гумен ѓон. Дури и кога сте подотерани, немојте да се излажете и да облечете штикли. Заштитете се од пад.

7. Кога пешачите, поставете ги нозете раширено со благо свиткани колена и благо наведнете се нанапред. Правете мали чекори и не стапнувајте на прсти, туку на цело стапало. Рацете не ги држете во џеб за да имате подобра рамнотежа и да може да се задржите при пад.

8. Не носете облека која го попречува движењето, како што се тесните фармерки и здолништа.

9. Ако паднете со лицето напред, исправете ги рацете пред градите и при падот наведнете се надоле, како да правите склекови. Ако паднете со исправени раце, постои опасност од скршеници.

10. Ако паднете на грб, обидете се да не ги изложувате лактите, за да спречите скршеница. Притиснете ја брадата кон градите со цел да спречите удар на задниот дел на главата и поставете ги рацете пошироко.

pravila-za-odnesuvanje-vo-zima-koi-treba-da-gi-sledite-za-da-izbegnete-neprijatnosti-02.jpg

Однесување на прошетка

11. Колку повеќе слоеви облека имате, толку подобро се задржува топлината. Првиот слој треба да е прицврстен до вашето тело. Ако се потите, памучната облека се суши бавно и ова може да доведе до хипотермија. Преферирајте волна.

12. Пред да излезете, јадете нешто високо-калорично, бидејќи на ладно трошите повеќе енергија.

13. Не пијте топли пијалаци веднаш пред да излезете – тоа ќе ги прошири крвните садови, топлината брзо ќе се изгуби и може да се појави хипотермија.

14. Не смее да пиете алкохол – во состојба на интоксикација потешко е да забележите дали ви е ладно или не, и пред да почнете да се затоплувате може веќе да сте смрзнати.

15. Не правете драстична разлика во температурата на домот со надворешната пред да излезете. Оптимална температура е 18-20 степени, а ако е повисока, може да настинете многу побрзо кога ќе излезете.

16. Час и половина пред да излезете, нанесете крема за нега на лице и раце.

17. Не носете тесни чевли, нозете во нив многу побрзо смрзнуваат.

18. Наместо ракавици со прсти, носете ракавици во кои сите прсти се заедно, така рацете побавно мрзнат. Ставете ги пред да излезете, за да задржите повеќе топлина.

19. Ако ви смрзнат носот, ушите или прстите, не ги полевајте веднаш со топла вода. Затоплувајте ги постепено.

pravila-za-odnesuvanje-vo-zima-koi-treba-da-gi-sledite-za-da-izbegnete-neprijatnosti-03.jpg

Однесување на мраз

20. Не ја проверувајте цврстината на мразот со стапало, подобро земете цврсто стапче.

21. Не одете по мраз во темница, на дожд или снег.

22. Не одете по мраз покриен со снег – под него може да има пукнатини и дупки.

23. Не одете во група и не се собирајте на едно место со мраз – држете растојание од 5-6 метри еден од друг.

24. Не одете на мраз ако сте пиеле алкохол.

25. Не одете по мраз во близина на грмушки, дрвја, трски – таму мразот може да е послаб.

26. Обрнете внимание на бојата на мразот врз смрзнатата водена површина – синиот или зеленкаст мраз значи дека е цврст, јачината пак на белиот мраз е двапати послаба, а жолтеникавиот, сивиот или мат белиот мраз е најнестабилен.

27. Ако носите ранец, носете го на едно рамо, за полесно да го тргнете ако паднете.

28. Ако мразот под вас почне да се крши, не смеете да продолжите да одите. Легнете внимателно и лазејќи вратете се назад по трагите.

pravila-za-odnesuvanje-vo-zima-koi-treba-da-gi-sledite-za-da-izbegnete-neprijatnosti-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
8 правила за бон-тон однесување на плажа, кои културните луѓе ги знаат и во сон Не ги преместувајте лежалките од бич барот кадешто престојувате на начин кој вам...
На кој датум да ја накитите елката за да привлечете среќа во новата година (според верувањата)? Нема правила за тоа кога треба да ја накитите елката. Но, ако ги цените традиции...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
Момче со аутизам го урна светскиот рекорд и ја реши Рубиковата коцка за 3.13 секунди (видео) Макс Парк (21) го урна претходниот рекорд од 3.47 секунди, кој е поставен во 201...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg