Зошто никогаш не треба да се мешате и да решавате туѓи проблеми?

Многу често знаеме да се вмешаме во туѓите проблеми со цел да им помогнеме на блиските луѓе.

zoshto-nikogash-ne-treba-da-se-meshate-i-da-reshavate-tugji-problemi-01.jpg

Но, всушност така правиме голема грешка. Прво, затоа што не секогаш може да помогнеме, второ затоа што не е наша работа.

Со тоа дури може да направиме и поголем проблем, па затоа е подобро да се тргнеме настрана.

Погледнете кои се причините заради кои не треба да се мешате и да решаватед туѓи проблеми:

Им го одземате личното искуство

Запомнете, без разлика колку родителите или пријателите ве советувале за нешто, и вие сте ја повторувале грешката додека сами не си ја научите лекцијата.

Оставете и другите да го почувствуваат тоа на своја кожа и да стекнат искуство кое ќе го запомнат засекогаш.

zoshto-nikogash-ne-treba-da-se-meshate-i-da-reshavate-tugji-problemi-02.jpg

Ситуацијата постојано ќе се повторува

Сите проблеми кои ги имаме, постојат за да извлечеме некоја животна лекција од нив.

Понатаму, другите слични проблеми ќе ги решаваме со леснотија. Додека не извлечеме сами заклучок и научиме да се справиме сами со проблемите, грешката ќе се повторува.

Вашата помош може да го влоши проблемот

Понекогаш сакајќи да помогнете на некој, можете само да направите поголем проблем, бидејќи при барање на решение гледате на ситуацијата од ваше лично искуство.

Не гледате објективно на ситуацијата, а нешто што за вас би било добро, можеби не е и за некој друг, во зависност од околностите.

zoshto-nikogash-ne-treba-da-se-meshate-i-da-reshavate-tugji-problemi-03.jpg

Правите личноста да се чувствува немоќно

Постојаната помош кај другите може да предизвика несигурност, бидејќи личноста може да помисли дека е неспособна и дека работите успеваат само со ваша или нечија помош.

Не го спречувајте човекот да тргне по својот пат и да научи сам да се справува со своите проблеми.

Личноста секогаш ќе чека помош од други

Со тоа што секогаш помагате некому, личноста ќе научи дека за сè има помош и нема воопшто да се труди да смени нешто.

Но, не живееме во бајка, и со цел да биде сè како што треба, мора сами да се потрудиме и да направиме нешто, а не да чекаме да падне од небо или друг да ја заврши работата.

zoshto-nikogash-ne-treba-da-se-meshate-i-da-reshavate-tugji-problemi-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Детален приказ: Како гледаат луѓето со разни проблеми со видот? Сте се запрашале ли како гледаат луѓето кои имаат глауком или оние со некои видо...
Емотивна приказна на мајка од Африка: Ѝ ја украле ќерката 3 дена откако ја родила, ја нашла по 18 го... Само три дена откако Селесте од Јужна Африка се породила, нејзината ќерка била у...
12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрз...
6 работи со кои несвесно си наштетуваме (а ги правиме сите) Дали имате навика да го ставате телефонот во предниот џеб од панталоните? Ако ст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg