Внимавајте како се однесувате

Иако секоја прилика бара различно однесување без разлика на тоа каде се наоѓате, некои работи се универзални. Нормално, никогаш не се...

 

... обидувајте да бидете некој друг, но обрнете внимание на следново:

  • Никогаш немојте да се закачате или да зборувате со детски глас, колку и да тоа вам ви звучи симпатично, верувајте, во повеќето ситуации не е.
  • Никогаш не разговарајте со полна уста!
  • Нормално дека е тешко во сите ситуации да се контролирате, но избегнувајте нагли реакции. Смирената комуникација е секогаш поедноставна од агресивни, гласни разговори, улиживања и обиди за правдање.
  • Кога одите на важен состанок, разговор за работа или во непознато опкружување, облечете нешто прибрано, не вулгарно и во неутрални бои. Така, нема премногу да се истакнувате, а сепак ќе оставите впечаток на достоинствена и доверлива личност.

vnimavajte-kako-se-odnesuvate

  • Можеби вие ќе процените дека е неважно, но сепак обидете се да го контролирате своето смеење. Никаде не е убаво да се види личност кој се гласно "се кикоти" и е најгласна во друштво. Напротив, знае да биде многу иритирачки.
  • Никогаш однапред не претпоставувајте како нешто морате да дадете до знаење и не се обидувајте 'демек' случајно, а сепак неврзано да го раскажете она што сакате таа личност да го знае за вас. Некои личности се премногу оптеретени само со она што тие сакаат да го кажат, што дури и не успеваат да ги сослушаат другите, бараат само најдобар момент како би можеле да ја раскажат својата приказна и ви го изнеле својот став околу нештата, мислејќи дека тоа некого страшно го интересира или сакаат нешто да докажат.
  • Дури и ако не се согласувате со нечие мислење или она за што се разговара ви се чини досадно, никогаш не прекинувајте некој додека зборува.

Би можело да ве интересира:

11 работи за кои жените мораат секојдневно да се грижат (а мажите немаат поим) „Се чувствуваме како ние да треба да знаеме да се справиме со сè. Партнерот е гн...
5 бивши кои со своето однесување како самите да ве тераат да ги „мразите“ „Имав бивша која измисли дека е бремена, ми покажуваше лажни слики од ултразвук,...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
Најубавиот маж во САД се ожени со најљубоморната жена на планетата - Му го направи животот пекол, тр... Љубовната приказна на Џон Ф. Кенеди помладиот и неговата сопруга Керолин Бесет м...
Неучтиви работи што многу луѓе ги прават во теретана (а не треба) Не ги враќаат теговите на свое место, прават цела фотосесија пред огледалото, пу...
Мистерии решени со помош на Google Maps, од „обични“ луѓе Убиства, исчезнувања… Многу луѓе сонуваат да се најдат во улога на детектив, а с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg