16 лекции кои ги научив на крајот од 20-тите

При крајот на 20-тите повеќе не сте девојка/момче кое верува дека сè што лета се јаде. Сега стабилноста и вистинските животни вредности стапуваат на сцена.

16-raboti-koi-gi-nauchiv-na-krajot-od-20-tite-01.jpg

Само уште малку ќе имам двојка напред на бројот на години и иако малку ме плаши 30-тиот роденден, сепак благодарна сум за лекциите што ги научив.

Повеќе не толерирам луѓе кои ми штетат на расположението, ниту останувам во токсични врски, ниту пак му кажувам апсолутно сè на секого.

Годините ме научија некои добри лекции, па еве дел од нив:

- Иако, ти изгледа дека засекогаш ќе имаш скршено срце, не е така. Тоа ќе закрепне, можеби не за една седмица или месец, но ќе закрепне.

- Не е патетично да ти недостига некој што те правел среќен/среќна.

- Постојат луѓе на светот кои никогаш нема да разберат што е тоа депресија, но тоа не ги прави лоши луѓе.

- Никогаш повторно нема да бидеш слаб/а како на 17 години, но тоа и не е толку лоша работа.

16-raboti-koi-gi-nauchiv-na-krajot-od-20-tite-02.jpg

- Ќе сфатиш дека што мислат другите луѓе за тебе не е твоја работа.

- Никој не заслужува ништо од никого, престани да чувствуваш обврска кон некого и да имаш такви очекувања од некого. Сè е до желбата.

- Кога работите не одат во твоја полза, размисли дека луѓето се флексибилни и приспособи се на ситуацијата, наместо тврдоглаво да тераш во своја насока.

- Од време навреме одлучи да минеш 30 дена без алкохол. Ќе ти биде тешко, но телото ќе ти благодари за тоа.

16-raboti-koi-gi-nauchiv-na-krajot-od-20-tite-04.jpg

- Инвестирањето во козметички препарати и постелнина не се залудно фрлени пари.

- Дури и кога ќе бидеш успешен/а по сите стандарди ќе има мигови кога ќе се чувствуваш: „Леле, не успеав, никогаш нема сите коцки да ми бидат под ред.“

- Ќе имаш сè помалку трпение за глупостите на другите луѓе.

- Ако нешто не би го признал на најдобриот пријател/ка, најдобро е воопшто да не го правиш.

- Не мора да му кажеш на светот сè. Некои работи е сосема во ред да ги зачуваш само за себе.

- Добрите намери се важни и во ред е понекогаш да не успееш.

16-raboti-koi-gi-nauchiv-na-krajot-od-20-tite-03.jpg

- Во ред е да игнорираш луѓе кои ти обрнуваат внимание само кога сакаат нешто од тебе.

- Не си стар/а наредните години допрва ќе бидат најзначајните во твојот живот.

Прочитајте кои 9 работи кои ги научив додека сите други се мажат!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...

Најчитани неделава