Која земја во Европа е шампион во пиење алкохол?

Новите податоци покажуваат дека пиењето алкохол на Литванците е ненадминато во Европа и дека истото немаат намера да го намалат.

Koja-zemja-vo-Ecropa-e-shampion-vo-pienje-alkohol-01.jpg

Литванците во 2016 година, во просек испиле 18,2 литри чист алкохол. Претходната година тој просек бил 14,9 литри чист алкохол по Литванец. Ова е исто како да испиле во просек 910 големи пива или исто толку средно големи чаши вино, во текот на една година, односно по две и пол на ден.

Ова е уште почудно со оглед на тоа дека трендот во Европа е да се намали консумацијата на алкохол, бидејќи последните години се поскапени цените на алкохолот, како што е и отежната неговата достапност.

Сликата ја покажува консумацијата на алкохол во 2016 во Европа доколку целиот алкохол би се претворил во голема кригла пиво, а една кригла означува 100 големи пива.

Проблемот со алкохолот е најголем во Литванија може да се забележи и од зголемениот просек за 3,3 литри.

Државата се труди да го намали овој проблем со забраната за продажба на алкохол на бензинските станици и со покачување на таксите за алкохол. Сепак, нивоата на консумирање алкохол останале високи.

Ова е така затоа што Литванија, како и Латвија, Естонија и Полска, припаѓаат на нордиските земји каде 90% од пивото се пие дома, додека пак во Грција, Ирска, Малта, Португалија и Шпанија повеќе од 60% од пивото се пие во барови.

Една од најголемите причини зошто се пие толку многу алкохол е тоа што менталното здравје на општеството е многу лошо. Луѓето се чувствуваат несреќно и пијат алкохол за да се чувствуваат подобро. 

Литванците, особено мажите, го користат алкохолот како начин да се опуштат и веруваат дека алкохолот ќе им помогне да ја заборават секојдневната здодевна рутина.

Иако во остатокот од Европа пиењето алкохол се намалува, сепак Европа е светски лидер во консумирање на алкохол. Покрај тоа што Европа консумира многу алкохол, таа исто така и произведува многу, па така проблемот се „храни сам себе“.

Европјаните пијат во просек 10,3 литри чист алкохол, додека пак во југоисточна Азија оваа бројка е само 4 литри, а во Северна и Јужна Америка 8,2 литри.

За да се реши овој проблем се предлага сите алкохолни пијалоци да имаат на нив табела со составот на производот, како и со неговите енергетски вредности и негативни особини и токсични нивоа.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
Девојка од Кина во име на љубовта се преселила во Србија и снима хит видеа - се плаши од промаја, пи... Ичен Јовановиќ во име на љубовта се преселила на село во Србија и снима хит виде...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...

Најчитани неделава