Разликата помеѓу злобната и конструктивната критика – како да си ја зачувате врската?

„Критиката е нешто кое може лесно да се избегне, доколку не кажеме ништо, не правиме ништо и самите сме ништо“.

Razlikata-pomegju-zlobnata-i-konstruktivnata-kritika-01.jpg

Но, сепак, има разлика во конструктивната добронамерна и злобната недобронамерна критика.

Критиката се претвора во деструктивен чин во врската во следниве неколку ситуации:

  1. Кога се критикува личноста или карактерот, наместо однесувањето.
  2. Кога е исполнета со вина.
  3. Кога критиката не е фокусирана на подобрување.
  4. Кога е врз основа на само „еден вистински начин“ според тоа како треба да се прават работите.
  5. Кога оддава чувство дека личноста е сосема небитна.

Кога критиките всушност функционираат?

  1. Кога навистина сакате да му помогнете на другото лице да го промени однесувањето.
  2. Кога се грижите за другата личност и разговарате со неа на културен и пристоен начин.
  3. Кога ќе се фокусира на позитивната страна за тоа како некој може да се подобри.
  4. Кога не го омаловажувате вашиот партнер/пријател, но признавате дека сите прават грешки.
  5. Со други зборови, кога таа е конструктивна.

Во блиски интимни односи, критиката обично започнува со ситни забелешки и ескалира со текот на времето, што доведува до чувство на тегобност и незадоволство.

Личноста кон која се адресирани критиките често пати се чувствува контролирано.

Критиките често пати не успеваат, бидејќи креираат две работи кои на луѓето најмногу не им се допаѓаат:

  • Таа повлекува еден вид покорност, и сите ние мразиме да се покориме.
  • Нè девалвира, а сите го мразиме чувството на девалвација.

Сепак, иако луѓето мразат да се покоруваат некому, тие сакаат да соработуваат.

Критикуваните луѓе се најчесто несвесни за таа клучна точка поврзана со човековата природа: Кога се чувствуваме вредно во очите на другите тогаш соработуваме, кога се чувствуваме девалвирани тогаш пружаме отпор.

Затоа, ако сакате да видите промена во однесувањето на вашиот партнер, дете, роднина или пријател, прво треба да им дадете до знаење дека се доволни вредни до вашите очи.

Освен ако не сакате веднаш да наидете на отпор, не започнувајте веднаш со критики, туку со пофалби и „омекнување“.

Доколку сакате да му помогнете на партнерот да се откаже од некоја лоша навика или да се подобри, треба да разберете како функционира конструктивната критика и да не посочувате како вие сте секогаш во право, а другите ги прават работите секогаш погрешно.

Треба да научите да разговарате со луѓето, детално објаснувајќи им што ве мачи и зошто имате потреба да посочите некоја мана преку конструктивно критикување.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...

Најчитани неделава