Едноставни работи кои секој може да ги прави за планетата да стане подобро место за живот


Едноставни работи кои секој може да ги прави за планетата да стане подобро место за живот

Факт е дека еколошката свест на луѓето не е на завидно ниво, а со тоа постојано ја уништуваме планетата, свесно или несвесно.

ednostavni-raboti-koi-sekoj-mozhe-da-gi-pravi-za-planetata-da-stane-podobro-mesto-za-zhivot-01.jpg

Покрај директното уништување на природата, ѓубрето и загадувањето, планетата пати и од другите секојдневни навики кои ги имаме.

Доколку сакате да промените нешто на тоа поле, секако, прво треба да почнете од себе.

Можеби е малку, но никогаш не е лошо да бидете еколошки наклонети и заштитнички настроени кон средината, а со овие мали работи може да ѝ помогнете на планетата:

1. Заменете ги пластичните кеси со кеси од цврст материјал кои може да ги употребувате повеќепати, поцврсти се и се „eco-friendly“.

ednostavni-raboti-koi-sekoj-mozhe-da-gi-pravi-za-planetata-da-stane-podobro-mesto-za-zhivot-02.jpg

2. Користете батерии кои се полнат, наместо оние за една употреба, кои повеќе влијаат на глобалното затоплување, загадувањето на воздухот, водата и општо, околината.

ednostavni-raboti-koi-sekoj-mozhe-da-gi-pravi-za-planetata-da-stane-podobro-mesto-za-zhivot-03.jpg

3. Хемиските средства заменете ги со „eco-friendly“ средства кои ќе ги направите со сода, сок од лимон и оцет.

Пример: 1 шолја оцет, 1 чаша вода, ¼ шолја сок од лимон – оваа мешавина е одлична за чистење стаклени површини.

ednostavni-raboti-koi-sekoj-mozhe-da-gi-pravi-za-planetata-da-stane-podobro-mesto-za-zhivot-04.jpg

4. Инсталирајте аератор на чешмата, уред кој ја меша водата која тече со воздух и го прави млазот помек, а истовремено заштедува до 50% непотребно течење на водата додека миете заби или садови.

ednostavni-raboti-koi-sekoj-mozhe-da-gi-pravi-za-planetata-da-stane-podobro-mesto-za-zhivot-05.jpg

5. Наместо да ја фрлате старата неупотреблива облека или предмети, прво проверете дали навистина не можат да се употребат за нешто друго од првичната намена.

Пример: од старите кошули може да направите навлаки за пернички, од старите маици по прерамки може да направите торбичка, од изгребана чаша – свеќник и уште многу други идеи кои се наоѓаат на интернет.

ednostavni-raboti-koi-sekoj-mozhe-da-gi-pravi-za-planetata-da-stane-podobro-mesto-za-zhivot-06.jpg

6. Наместо да купувате скапи миленичиња, посвојте ги од засолниште каде што бројот цело време се зголемува, а нема услови за чување на сите нив, па многумина остануваат незгрижени на улица.

ednostavni-raboti-koi-sekoj-mozhe-da-gi-pravi-za-planetata-da-stane-podobro-mesto-za-zhivot-07.jpg

7. Сортирајте го соодветно отпадот – собирајте пластични шишиња и одеднаш фрлете ги во канти за пластика, а истото важи и за стаклените материјали, како и за батериите за кои има посебни кутии каде се складираат.

ednostavni-raboti-koi-sekoj-mozhe-da-gi-pravi-za-planetata-da-stane-podobro-mesto-za-zhivot-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Изглед, семејство, минато: 9 работи од кои не треба да се срамите во животот Во денешно време, луѓето се станати премногу зависни од мислењето на другите.&nb...
20 работи од кои треба да се откажете веднаш Зошто ни е толку тешко да се откажеме? Откажувањето не секогаш значи дека се пре...
8 работи заради кои вашите соседи може да ве „замразат“ Можеби не сте свесни, но со некои постапки веројатно предизвикувате да сте им ом...

Најчитани неделава