Совети како правилно да одберете подарок

Кога ќе дојде ред да подарите нешто, често се нервирате бидејќи не знаете што да купите.

umetnosta-na-podaruvanjeto-ili-kako-pravilno-da-odberete-podarok-01.jpg

Купувањето и избирањето подарок за некој близок е доста комплицирана задача бидејќи знаете што поседува, знаете што ѝ се допаѓа на таа личност, но сепак, сметате дека можете да погрешите.

Ова се четири кратки упатства кои можат да ви помогнат во тоа подарувањето да го претворите во уметност:

Покажете дека ја познавате личноста

Подарокот не смее да зборува повеќе за вас, отколку за личноста за која е наменет. Најдобрите подароци се оние кои покажуваат дека добро ја знаете и цените таа личност.

umetnosta-na-podaruvanjeto-ili-kako-pravilno-da-odberete-podarok-03.jpg

Размислувајте однапред

Колку поквалитетен однос имате со таа личност, толку повеќе внимание треба да посветите на подарокот. Тоа може да биде нешто што ве потсетува на заеднички моменти, или пак план за во блиската иднина (билети за концерт или ваучер за викенд).

Важна е рамноправноста

Нормално е да имате пријателка која ви е подрага од другите или да мислите дека повеќе пари треба да дадете за подарок за партнерот. Но, не дозволувајте да фаворизирате одредена личност, особено ако не се работи за член на семејството.

umetnosta-na-podaruvanjeto-ili-kako-pravilno-da-odberete-podarok-02.jpg

Позитивно подарување

Никогаш за својот подарок не велете дека „е само ситница“, бидејќи таквиот став праќа порака дека не сте се потрудиле. Наместо тоа, кажете „се надевам дека ти се допаѓа“ или „мислам дека добро избрав“.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...

Најчитани неделава