9 животни лекции кои Индијците ги почитуваат и може да ги научите од нив

Мудроста на живеење во другите земји може да биде инспирација и за вас.

10-zhivotni-lekcii-koi-indijcite-gi-pochituvaat-01.jpg

Верувањата и животните филозофии ги има во секоја култура и на вас е да одберете што од тоа ќе почитувате и применувате.

Секако, сигурно сте воспитани да ги почитувате правилата на добро однесување на кои ве научиле родителите, но секогаш можете да научите нешто и од другите.

На пример, кога патувате во друга земја, забележете како тие се однесуваат и ако ви се допаѓа, применете го тоа.

Ова се 10 важни животни лекции кои луѓето во Индија ги следат и почитуваат:

1. Секогаш живејте во сегашниот момент каде што се наоѓате и никаде на друго место. Поместете се само доколку внатрешниот глас ви кажува дека треба да сте на друго место.

2. Споделувајте слобода. Дозволете си себе да бидете она што сте, без да глумите пред никого и мотивирајте ги и другите да го прават тоа.

3. Не се плашете од ништо. Направете ги неопходните промени и кажете го гласно она што ве мачи.

10-zhivotni-lekcii-koi-indijcite-gi-pochituvaat-02.jpg

4. Не се врзувајте безусловно за луѓето. Никогаш нема да останете сами, па бидете со оние кои навистина ви значат и кои ве ценат поради тоа што сте.

5. Простете и пуштете ги нештата да одат. Ослободете се од сето она што ви ја „преполнува“ душата. Заблагодарете се за искуството.

6. Верувајте! Верувајте во луѓето, во Универзумот, во Бога... Верувајте дека од сè што ви се случува ќе произлезе нешто корисно за вас.

10-zhivotni-lekcii-koi-indijcite-gi-pochituvaat-03.jpg

7. Сакајте се себе. Почитувајте ги своите соништа и желби, но и своето тело.

8. За да можете да облечете нова облека, треба да ја соблечете старата - оваа изрека има и буквално и метафоричко значење.

9. Споделувајте и не барајте ништо за возврат. Секогаш споделете го тоа што го имате, со пријателите, со семејството, со миленичето...

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...

Најчитани неделава