Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Како успешно да се снајдете и да почнете да живеете во нов град?

Во последно време, сè почесто сме сведоци на преселувањето на блиските и познаниците во други земји и градови.

kako-uspeshno-da-se-snajdete-i-da-pochnete-da-zhiveete-vo-nov-grad-01.jpg

Независно дали се работи за млади луѓе кои одат да студираат во странство, или за повозрасни во потрага по подобра работа, плата и иднина – започнувањето живот во нови градови и земји е многу честа појава.

Секако, иако најчесто се работи за подобар живот, тоа не значи дека е лесно да се остави сè овде и да се започне одново на непознато место.

Луѓето кои се одлучуваат на таков чекор се соочуваат со големи предизвици кои треба да ги надминат, а секако, постојат начини како да си го олеснат процесот.

Доколку се размислувате на таков чекор, или имате некој близок кој го чека тоа, погледнете како поуспешно се почнува одново на непознато место:

Одберете место за живеење каде што има различни институции и занимливости

Пред да одберете каде сакате да барате живеалиште во нов град, добро распрашајте се и истражете ги населбите.

Разгледајте какви инситуции има во околината и дали би ви биле корисни, дали има можност да запознаете нови луѓе и да не бидете сами во околината, дали има места каде може да се снабдите со различни видови храна и други работи кои ќе ви бидат корисни да се во близина.

kako-uspeshno-da-se-snajdete-i-da-pochnete-da-zhiveete-vo-nov-grad-02.jpg

Чувствувајте се како турист

Кога ќе пристигнете на новото место, откако ќе се сместите, немојте да се залегнете и да чекате на готово.

Чувствувајте се како да сте доле на патување, каде мора да го искористите времето и да почнете да ја истражувате околината.

Разгледајте на интернет кои знаменитости и локали ви се во близина, истражете ги, прошетајте, запознајте нови луѓе и распрашајте се за животот во околината, каде и што ви е потребно.

Зачленете се во групи на социјалните мрежи

За повеќето градови низ Европа постојат групи на Facebook каде може да се најдат многу корисни информации, како што се купување/продавање на искористени работи за во домаќинството, информации за превоз и други работи кои ќе ви бидат потребни.

Изберете си омилено место

Откако ќе го истражите градот, одберете едно место во кое ќе се чувствувате најпријатно и најчесто ќе го посетувате, а може да биде кафуле, бар или пицерија.

Таму може да одите со оние кои сте ги запознале, или да запознавате нови луѓе, персоналот веќе ќе ви биде познат бидејќи често сте таму и секогаш ќе има од кого да побарате информација или да си поразговарате.

Бирајте места каде може да се дружите со луѓето, а не да седите сами и да бегате од нив.

kako-uspeshno-da-se-snajdete-i-da-pochnete-da-zhiveete-vo-nov-grad-04.jpg

Најдете си цимер ако одите сами

Доколку одите сами на ново место, посебно ако сте студент, најдобро би било да си најдете цимер со кој ќе живеете за да не бидете целосно сами во сè.

Доколку се одлучите за цимер, обрнете внимание на следните работи:

  • Би било добро доколку најдете некој кој веќе претходно живеел таму и ќе ве упати во сите потребни работи
  • Доколку може да најдете некој од вашата земја или регионот би ви било полесно и ќе се чувствувате попријатно
  • Разговарајте однапред околу некои работи како – пари и плаќање сметки, пазарување, чистење и делење на обврските, лични граници, миленичиња, гости во домот и слично
  • Дајте си време да се навикнете – договорете се на тест период од неколку месеци, на почетокот обично луѓето се совршени цимери и наоѓаат компромис, но по неколку месеци почнуваат недоразбирањата и несогласувањата

kako-uspeshno-da-se-snajdete-i-da-pochnete-da-zhiveete-vo-nov-grad-03.jpg

Декорирајте го новиот дом

Купете нешто (не мора да е скапо и големо) со што ќе го декорирате и опремите станот во кој ќе живеете и направете некои потребни поправки, за да се чувствувате попријатно.

  • Направете си пано со фотки од најблиските за да се чувствувате како секогаш да се со вас и да не бидете осамени во новиот простор
  • Одберете декорации кои ќе внесат топлина и удобност во просторот, а не како да живеете во канцеларија
  • Не купувајте големи парчиња мебел и држете се до минимализмот

kako-uspeshno-da-se-snajdete-i-da-pochnete-da-zhiveete-vo-nov-grad-05.jpg

Спортувајте и најдете си хоби

Доколку времето ви дозволува (а, со добра организација сè е можно), најдете си некое хоби или забавна активност и спортувајте за да се чувствувате поисполнето и да живеете здрав живот.

Можете да одите на танцување, да се качувате по вештачки карпи, да практикувате јога во парк и уште многу други занимации и активности кои ги нудат странските земји.

kako-uspeshno-da-se-snajdete-i-da-pochnete-da-zhiveete-vo-nov-grad-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Жените му биле секс робинки, ги жигосувал со неговите иницијали – морничавиот култ на Кит Раниер Криејќи се зад семинари за личен развој, Кит Раниер направил култ во кој ги експ...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg