9 неверојатни факти кои не сте ги научиле на часовите по географија

Дали сте знаеле дека може да стоите во место, а да се наоѓате во 4 различни држави истовремено?!

9-neverojatni-fakti-koi-mozhebi-ne-ste-gi-nauchile-na-chasovite-po-geografija-01.jpg

Колку сте запознаени со фактите за Земјата и дали мислите дека баш сè сте научиле на часовите по географија?

Секако дека не. Многу работи воопшто не се ни спомнуваат во школските книги, ниту пак на часовите, некои од нив е добро да се знаат, а други се сами за оние со пошироки интереси и познавања.

Доколку припаѓате во втората група и се интересирате за светот околу вас, прочитајте што сте пропуштиле досега.

Колку од овие работи веќе ги знаевте?

Фудбалски тимови може да играат еден против друг, на ралзична хемисфера од Земјата

Стадионот Milton Correa во Бразил познат како Zerão (голема нула на португалски), го добил името заради фактот што на средината на теренот се наоѓа екваторот.

Па според тоа, кога тимовите играат на двете различни страни, стојат на двете различни хемисфери на Земјата.

9-neverojatni-fakti-koi-mozhebi-ne-ste-gi-nauchile-na-chasovite-po-geografija-02.jpg

Точка на непристапност - Nemo

Точката Nemo (латински – никој) е конвенционална точка во Тихиот Океан, која е најоддалечена од секое копно.

Токму затоа оваа локација се нарекува точка на непристапност, а се наоѓа на 2.592 km оддалеченост од најблиското копно

9-neverojatni-fakti-koi-mozhebi-ne-ste-gi-nauchile-na-chasovite-po-geografija-03.jpg

Може да стоите во 4 држави истовремено

Four Corners е место во САД на кое еден квадрате поделен на 4 дела кои всушност се граници на 4 различни сојузни држави – Аризона, Јута, Колорадо и Ново Мексико.

9-neverojatni-fakti-koi-mozhebi-ne-ste-gi-nauchile-na-chasovite-po-geografija-04.jpg

Глечерите содржат поголем дел од водата за пиење на Земјата

Околу 10% од површината на нашата планета е покриена со мраз, а во тие 10% се содржат 75% од целата вода за пиење на Земјата.

Но, ако се земе предвид само незамрзнатиот дел од водата за пиење, ќе излезе дека 20% се содржат само во Бајкалското Езеро.

9-neverojatni-fakti-koi-mozhebi-ne-ste-gi-nauchile-na-chasovite-po-geografija-05.jpg

„Динго оградата“ во Австралија е подолга од руско-кинеската граница

Во 19-ти век во Австралија, овчарството било важен сектор во економијата, па во 1880-ите, фармерите решиле да направат долга ограда која ќе го штити пасиштето на овците од инвазијата на дивите кучиња (динго).

Оваа ограда е долга 5.614 km, а за споредба, должината на руско-кинеската граница е 4.209 km.

9-neverojatni-fakti-koi-mozhebi-ne-ste-gi-nauchile-na-chasovite-po-geografija-06.jpg

Островот на фазаните менува сопственик (држава) на секои 6 месеци

Овој остров кој се наоѓа среде реката Бидасоа, припаѓа 6 месеци на Шпанија и 6 месеци на Франција, а администрацијата алтернативно се менува една со друга.

Ова е случај повеќе од 3 века, никој не живее таму, а островот е затворен за посети.

9-neverojatni-fakti-koi-mozhebi-ne-ste-gi-nauchile-na-chasovite-po-geografija-07.jpg

Мртвото Море е под морското ниво

Нивото на солените води на Мртвото Море секоја година се намалува за 1 метар. Сега се наоѓаат на 430 метри под морското ниво, иако некогаш се наоѓало 400 метри над нивото на Средоземното Море.

9-neverojatni-fakti-koi-mozhebi-ne-ste-gi-nauchile-na-chasovite-po-geografija-08.jpg

Во Канада, има остров со езеро, во кое има остров, кој исто така има езеро, а во ова езеро – има остров

Се работи  островот Викторија кој е дел од Канадскиот Арктички архипелаг, и тоа е местото каде има остров лоциран на остров, кој е лоциран на остров.

Површината му е 217,291 km2 и најверојатно никогаш не е посетен од човечко суштество.

9-neverojatni-fakti-koi-mozhebi-ne-ste-gi-nauchile-na-chasovite-po-geografija-09.jpg

На островот Маврициус, има дини, кои содржат песок во 7 различни бои

Црвена, кафеава, виолетова, зелена, тиркизна, магента и жолта – оваа палета на бои може да се види во близина на селото Chamarel.

9-neverojatni-fakti-koi-mozhebi-ne-ste-gi-nauchile-na-chasovite-po-geografija-10.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 знаци дека сте ментално силна личност, низ илустрации Ако не се плашите да ги покажете негативните емоции и ако имате развиена емпатиј...
Во Индија испразнете ја чинијата, во Јапонија џвакајте гласно – необични бон-тон правила за на маса ... Добро познат факт е дека во многу земји од Блискиот исток храната се јаде со рац...
16 луѓе откриваат кој е моментот кога сфатиле дека веќе не се млади 20-годишно момче ме нарече госпоѓа и ми го скрши срцето; Си купив нов џогер и ед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg