Како да се преживее губењето на пријателството со оние кои ни биле најблиски?

На некои пријателства, за жал, не им е судено да останат вечни. Распаѓањето на пријателството често може да боли еднакво како и раскинувањето на љубовната врска.

kako-da-se-prezhivee-gubenjeto-na-prijatelstvoto-so-onie-koi-ni-bile-najbliski-01.jpg

Иако сме мислеле дека засекогаш ќе останеме блиски со оној кој ни бил најдобар пријател, реалноста некогаш е далеку поинаква. Причините за прекинување на пријателство можат да бидат најразлични, од изгубена доверба, па до недоразбирање со фатален крај.

Нашите животи се менуваат, а се менуваме и ние. Некогаш е сосема нормално веќе да немате заеднички интереси со најдобриот пријател и тука патиштата почнуваат да се раздвојуваат.

Но, како да се преживее сето тоа, со што помалку болка?

kako-da-se-prezhivee-gubenjeto-na-prijatelstvoto-so-onie-koi-ni-bile-najbliski-02.jpg

Прифатете дека тоа е нормално

Пријателствата се како врските, а промените се сосема нормални. Иако ви е тешко, помирете се дека со таа личност можеби ќе останете само на поздравување кога ќе се разминете.

Бидете нежни и фини кон себе

Не се обвинувајте и не се прашувајте каде сте згрешиле. Оставете времето да покаже дали тоа пријателство ќе заслужи нова шанса во иднина. А дотогаш, останете фокусирани на оние кои сè уште ви се пријатели.

kako-da-se-prezhivee-gubenjeto-na-prijatelstvoto-so-onie-koi-ni-bile-najbliski-03.jpg

Размислувајте како возрасни

Пријателствата ве учат на важни лекции, исто како и другите односи со луѓето. Токму ова изгубено пријателство може во иднина да ви помогне повнимателно да избирате кого пуштате во својот живот. Исто така, ќе бидете и поотворени, но и ќе ги засилите критериумите за склопување нови пријателства.

Вратете се на нормалниот начин на живот

Нормално е да сакате одреден период да се изолирате, особено знаејќи дека возрасните потешко склопуваат пријателство. Но, не заборавајте дека надвор некаде вие имате живот и контакти. Можеби ќе успеете да се зближите со некого и да имате квалитетен меѓусебен однос кој ќе резултира со постабилно пријателство.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава