Зошто нема потреба да давате аплауз кога авионот ќе слета?

Искусните патувачи се ежат од самата помисла, додека за други пак, ракоплескањето во авион е сосема нормална работа. Еден пилот открива - зошто треба да прекинете со оваа навика?

zosto-nema-potreba-da-davate-aplauz-koga-avionot-ke-sleta-001.jpg

Според еден експерт за говор на телото, Џуди Џејмс, некои луѓе не можат да ја контролираат потребата на телото да ракоплеска кога авионот безбедно ќе слета.

„Очигледно, се работи за момент во кој патникот смета дека е повторно безбеден, со оглед на тоа што многумина се плашат од летање и го сметаат за опасно.

Самиот момент на земја под тркалата за нив е буквално успешно преживување. Повеќето не ни забележуваат дека телото им е згрчено и дишат забавено додека се во воздухот.“

Сепак, голема улога може да игра и националноста на човекот. На пример, Русите и Романците се познати по аплаудирањето кога авионот ќе слета.

Но, што мислат пилотите за аплаузот кога ќе слетаат?

Скот Киндер, кој е пилот преку 10 години строго вели „немојте ни да сте помислиле.“

Неговото објаснување гласи:

„Патниците реално не знаат што се случува напред во кабината на пилотот, па како може да знаат за што ракоплескаат?

На крајот од краиштата, навистина не забележуваме и не обрнуваме внимание на аплаузот во позадина. Понекогаш, работата ни е толку напорна, што не ни е грижа што мисли патникот на седиште 20Б.

Не би требало да аплаудирате за некого кој само си ја врши работата најдобро што знае. Но, учтиво би било да му се заблагодарите на екипажот за безбедниот лет на излегување од авионот.“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава