Како да се наспиете за само 4 часа - генијалниот метод на Леонардо да Винчи

Неговиот план подразбирал излегување од шаблонот на „нормалното“ ноќно спиење, односно цепкање на сонот на неколку делови или фази во текот на денот.

Kako-da-se-naspiete-za-samo-4-casa-01.jpg

Сонот кој се состои од неколку фази често пати се поврзува токму со неговото име – генијалниот Да Винчи. Му било потребно долго време да ја развие неговата идеја, време кои често пати го немал на располагање. Тој сакал максимално да го искористи времето за работа, а минимално да се посвети на спиење.

Леонардо да Винчи се испраксирал да спие неколку пати во текот на денот. Поточно, 15 минути на секои 4 часа.

Како резултат на ова спиел само час и половина дневно. Времето кое го „заштедил“ започнал да го користи за креативна работа. Да Винчи тврдел дека го користел овој метод долги години во животот и дека никогаш не се почувствувал уморно.

Познато е дека најпродуктивното време за работа и креативност е периодот кој следува веднаш по спиењето. Во овој период капацитетот за работа кај некои личности е особено висок.

Преку години исполнети со вежбање и експериментирање по примерот на Да Винчи, ова се само неколку од најефективните варијации на повеќефазниот сон:

30 минути спиење на секои 6 часа (Дајмаксион метод)

20 минути спиење на секои 4 часа (Уберман метод)

Ноќно спиење од 1,5 до 3 часа и уште 3 × 20 минути во текот на денот (Евримен метод)

Ноќно спиење од 2 часа и една попладневно од 20 минути (Тесла метод)

Ноќно спиење од 5 часа и 1,5 час попладне (Сиеста метод).

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Заборавената сопруга од Србија на Ајнштајн: Му ги решавала математичките проблеми, тој ја изневерува... Првата сопруга на Ајнштајн, Србинката Милева Мариќ, бла гениј исто како и физича...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...
Одговори на прашања што сигурно сте си ги поставиле барем еднаш Зошто славиме роденден со торта, но и зошто исечениците од хартија болат толку м...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима) „По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“. „По тежо...

Најчитани неделава