6 работи кои ви стојат на патот до среќата

Многумина секојдневно живеат во стандардизирана рамка на очекувања, не сфаќајќи дека сѐ може да се прилагоди и промени. Не дозволувајте си да бидете дел од нив. 

6 nesta koi vi stojat na patot do srekjata 01

Одбијте да се согласите со стандардните поставки во животот и посветете се на промена и подобрување. Речиси никогаш нема да им бидете приоритет на другите, па затоа бидете си сами свој приоритет.

Научете како да се почитувате, да се грижите за себе и да создадете свој систем за поддршка. Вашите потреби се важни. Ако сакате да се движите кон подобри нешта, мора да се откажете од она што ве прогонува, што не е секогаш лесно како што звучи.

Но, почнувајќи од денес, откажете се...

… од грижата за тоа што другите мислат за вас

Важно е вие што мислите за себе. Понекогаш треба да го направите токму она што е најдобро за вас и за вашиот живот, а не за она што е најдобро за сите други.

… од срамот од минатите порази

Вашето минато не треба да ја запечати вашата иднина. Само затоа што не успеавте вчера, или денес, или во последните шест месеци, или последните 16 години - тоа нема никакво влијание врз сегашниот момент. Сѐ што е важно е она што го правите токму сега.

6 nesta koi vi stojat na patot do srekjata 02

...од неодлучноста за тоа што сакате

Кога имате страст, имате и енергија. Кога немате страст, не сте продуктивни. Потрудете се да дознаете што сакате, и стремете се страсно кон тоа.

… од одложување на важните цели

Имаме две основни избори во животот: да ги прифатиме постоечките услови, или да ја прифатиме одговорноста за нивно менување. Не се откажувајте од обидот да го направите она што навистина сакате да го направите. Кога постои љубов и инспирација, ништо не може да тргне наопаку.

6 nesta koi vi stojat na patot do srekjata 03

… од вашата потреба да бидете секогаш во право

Целете кон успех, но никогаш не заборавајте на вашето право да погрешите. Само така нема да ја изгубите способноста да научите нешто ново и да продолжите со својот живот.

… од избегнување на проблемите кои треба да се решат

Сами го правиме животот потежок отколку што треба да биде. Потешкотиите започнаа кога разговорите станаа пораки, чувствата станаа потсвесни, сексот стана игра, зборот "љубов" го изгуби своето значење, довербата исчезна, искреноста исчезна, љубомората стана навика, повредувањето некого стана природно и бегањето од проблемите всушност стана нивно решение.

Соочете се со овие проблеми, решете ги проблемите, комуницирајте, ценете, простувајте и сакајте ги луѓето во вашиот живот кои го заслужуваат тоа.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава