Станете подобра личност со помош на оваа јапонска техника

Колку пати сте си поставиле некоја цел, за потоа да ја заборавите или да се убедите дека сега не е време за тоа? Доколку ова ви се случува често, нормално е да бидете фрустрирани и да се обидувате да ја најдете причината за вашето одолговлекување.

stanete-podobra-lichnost-so-pomosh-na-ovaa-japonska-tehnika-001.jpg

Најчесто одговорот е навистина едноставен – се обидувате да постигнете премногу, за многу краток период. Во овој случај новите одговорности ви стануваат товар бидејќи е тешко да ги промените старите навики и да пробате нешто ново.

Јапонците го имаат решението за овој проблем. Во јапонската култура постои практикувањето на техниката каизен која се заснова на идејата „минута за самоусовршување“. За оваа техника потребно е минута да правите нешто, секој ден во исто време.

Очигледно, ова техника не би требала да претставува проблем за никого, дури ни за луѓето кои имаат проблеми со самодисциплината. Многу е полесно да најдете изговор да не правите нешто доколку за тоа ви се потребни половина, или два часа.

Без разлика дали станува збор за читање, учење странски јазик или вежбање, со помош на оваа техника задачата нема дави претставува товар, туку уживање. Важно е да го надминете недостатокот од самодоверба, но и да се ослободите од чувствата на вина и беспомошност.

Мора да го почувствувате вкусот на победата и успехот за да се мотивирате да продолжите напред. Кога сте инспирирани од овие чувства, постепено ќе почнете да го зголемувате времето што ѝ го посветувате на задачата што самите сте си ја поставиле.

Можеби на почетокот ќе одвојувате само по 5минути, но со текот на времето овие 5 минути лесно ќе се претворат дури и во неколку часа.

Техниката каизен потекнува од Јапонија, а зборот е составен од два јапонски зборови – каи (промена) и зен (мудрост). Техниката ја смислил Масааки Имаи кој верува дека оваа филозофија ќе ви помогне да успеете и на професионално, и на приватно поле.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
Одговори на прашања што сигурно сте си ги поставиле барем еднаш Зошто славиме роденден со торта, но и зошто исечениците од хартија болат толку м...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...

Најчитани неделава