Идеи како да го поминете роденденот без да жалите следниот ден

Секој сака да го слави својот роденден, а со оваа прослава доаѓа и многу алкохол. Но доколку веќе сте „престари“ за утрешниот мамурлак, постојат начини да го прославите роденденот и трезни. 

neshta-shto-mozhete-da-gi-napravite-na-vashiot-rodenden-01.jpg

Погледнете неколку предлози за роденденска прослава (без премногу алкохол) кои вреди да ги пробате:

Одете на патување

Зарем има подобар начин да го прославите роденденот од патувањето? Испланирајте мал одмор со пријателите или семејството и уживајте во авантурата.

Не мора да одите во странство. Можете да посетите и некој град во близина што сè уште не сте го виделе или на кој секогаш му се враќате. 

Дневна забава во парк

Соберете ги вашите пријатели, направете сендвичи, купете некој пијалак и направете си пикник во градскиот парк. Поминете го денот на сонце и сигурно нема да ви недостига вечерното прославување.

neshta-shto-mozhete-da-gi-napravite-na-vashiot-rodenden-02.jpg

Одете на плажа

Доколку сте во можност, прославете го роденденот на плажа. Зарем има подобра забава во лето од онаа покрај вода? Понесете ги костимите за капење и уживајте.

Направете логорски оган

Доколку го прославувате роденденот на плажа, можете да го почекате зајдисонцето и таму да направите оган. Доколку имате поголем двор, и тој е одлично место за вашиот оган.

neshta-shto-mozhete-da-gi-napravite-na-vashiot-rodenden-03.jpg

Одете на кампување

Одберете некоја дестинација во близина и поминете неколку денови на кампување. Уште подобро е ако ги исклучите сите електронски уреди и вистински се поврзете со природата - со пријателите, партнерот или семејството.

Контактирајте или посетете личност од која сте се оддалечиле

Доколку не ви е дојдено до посебна забава, или пак, блиските луѓе не се во можност за дружба, а одамна се немате слушнато со некој драг пријател, јавете му се и прославете го роденденот со него.

Ќе имате многу за зборување и ова сигурно ќе ви биде роденден што ќе го помните.

neshta-shto-mozhete-da-gi-napravite-na-vashiot-rodenden-04.jpg

Истражете го вашиот или соседниот град

Наместо туристи во странство, бидете турист во вашиот град. Посетете ги сите знаменитости, дознајте нешто повеќе за историјата на градот, направете неколку фотографии, а на крај можете да прославите и во ресторан.

Одете на музички фестивал

Летото е сезона на музички фестивали, а доколку некој се поклопува со вашиот роденден, тоа е бонус за вас. Се разбира, не мора да биде само музички фестивал. Истражувајте што има во ваша близина и забавувајте се.

neshta-shto-mozhete-da-gi-napravite-na-vashiot-rodenden-05.jpg

Одете во забавен или воден парк…

Ако роденденот ви е во топол период, можете да го поминете денот во некој забавен парк или воден парк - ќе си поминете одлично, а тоа нема да биде клише забава за која утре ќе жалите. 

Променете го вашиот изглед

Дали вашата фризура ви е здодевна? Или, пак, можеби сакате да го обновите гардероберот? Вашиот роденден е совршен повод за тоа. Ослободете ја вашата креативност, експериментирајте и, којзнае, можеби ќе откриете ваше ново „јас“.

neshta-shto-mozhete-da-gi-napravite-na-vashiot-rodenden-06.jpg

Направете фотосесија

Соберете ги пријателите и направете заедничка роденденска фотосесија. Можете да одите во природа, да позирате со разни модни комбинации или што било што ќе ви падне на ум. Овие фотографии, без сомнение, ќе ви бидат омилени.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...
Фото-компилација: Како изгледале главните градови на земјите ширум светот пред повеќе од еден век? Поради впечатливата архитектура, можеби лесно би го познале Лондон на фотка од п...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...

Најчитани неделава