Непристојни хотелски навики од кои веднаш треба да се одвикнете

Нормално е во хотелот во којшто отседнувате да сакате да се чувствувате како дома. Но, и овде постојат некои бонтон правила кои би требало да ги следите.

neuchtivi-hoteski-naviki-od-koi-vednash-treba-da-se-oslobodite-01.jpg

Па следниот пат кога ќе отседнувате во хотел, обидете се да ги избегнете овие однесувања:

Шетање со бањарка насекаде

Бањарката никогаш не е за во хотелскиот ресторан. Можете да ја носите на базен или во спа центарот, но воопшто не е учтиво да влезете со неа во ресторанот или да седите на рецепција.

Барање да ве сместат порано

Секој хотел си има свое примено време, а доколку сакате да се пријавите порано, ќе треба закажете една вечер однапред. Доколку вашата соба е исчистена од претходните гости, од хотелот можеби ќе ви ја дадат порано.

Но, имајте на ум дека чистењето одзема време и персоналот не може секогаш да заврши порано од планираното.

neuchtivi-hoteski-naviki-od-koi-vednash-treba-da-se-oslobodite-02.jpg

Опуштање во ходникот

Потребно е да ги почитувате правилата за (не)правење врева во хотелот, особено во ходниците. Хотелските ходници не се игралиште за вашите деца или место каде што можете да разговарате на глас.

Во хотелот има и други гости покрај вас кои сигурно не сакаат да го слушаат викањето и плачењето на вашите деца.

Употребување на работи што не ви се потребни

Лесно е да заборавите на штедењето енергија кога сте на патување. Неретко, пак, луѓето сметаат дека платиле за сè, па сакаат да го искористат до максимум. Но, ова воопшто не е во ред.

Кога ќе излегувате од собата, исклучете ги светилките, телевизорот, климата... Покрај тоа, само затоа што имате пристап до неограничена вода, не значи дека треба да бидете невнимателни и со неа.

Исто така, шампоните и средствата за хигиена што не ги дотрошувате, најдобро е да ги земете со себе, бидејќи во спортивно ќе завршат во корпата за отпадоци

neuchtivi-hoteski-naviki-od-koi-vednash-treba-da-se-oslobodite-03.jpg

Правење гужва на рецепција

Некои луѓе сакаат да се дружат додека чекаат да се пријават во хотел. Но, некои луѓе сакаат приватност. Па, обидете се да не правите гужва на рецепцијата. Почитувајте ја туѓата приватност и не поставувајте премногу прашања.

Резервирање повеќе работи отколку што ви се потребни

Без разлика дали се лежалки на плажа или маса во ресторанот, немојте да резервирате повеќе отколку што ви се потребни. Обрнете особено внимание на ова во екот на сезоната, кога местата се и онака ограничени.

Доколку, на пример, постојано сте во водата, можеби ќе ви биде доволна една лежалка, а не две.

neuchtivi-hoteski-naviki-od-koi-vednash-treba-da-se-oslobodite-04.jpg

Гласно зборување

Ова не важи само за ходниците, туку и за барот, ресторанот, базенот... Гласното зборување, без разлика дали на телефон или со некој друг, е едно од најнеучтивите нешта што можете да ги направите во хотел.

Во хотелот има и други гости кои дошле да се одморат и не се должни да ги слушаат вашите разговори.

Неред во собата

Можеби најдоброто нешто за отседнување во хотел е што не мора да си го местите креветот секое утро. Сепак, чистачките не се должни да средуваат сè во вашата соба.

Не треба да оставате куп од облека што тие треба да го соберат само за да можат да сметат. Секој хотел си има гардеробер и мето каде што можете да ги оставите личните предмети, па искористете го.

neuchtivi-hoteski-naviki-od-koi-vednash-treba-da-se-oslobodite-05.jpg

Претерано пиење

На одмор сте и сакате да се опуштите, но можеби не е најдобра идеја да го правите тоа во хотелскиот бар. Доколку сте пијани, другите гости и персоналот ќе се чувствуваат неудобно, па дури и небезбедно.

Игнорирање на правилата

Секој хотел си има свои правила и тоа со причина. Правилата ќе ги најдете на веб-сајтот на хотелот, на рецепција, на мејл, и ваше е да ги почитувате. Доколку хотелот забранува пушење во собата, носење миленици или што било друго, почитувајте го тоа.

neuchtivi-hoteski-naviki-od-koi-vednash-treba-da-se-oslobodite-06.jpg

Спрова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Стаклена туш кабина во соба, ТВ над врата на тоалетот - 14 хотели кои како да сакаат намерно да ги и... „Моите родители престојуваа во хотел во кој требаше да добијат и појадок. Секое ...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
6 знаци дека треба да избегнете некој ресторан кога сте на одмор – веројатно е „туристичка замка“ Имаат вработено личност која „собира“ гости од улица или се наоѓа веднаш до позн...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Не прават нова зграда без паркинг и уште 6 детали од животот во Јужна Кореја (што се подобри од кај ... Со секоја нова станбена зграда се прави гради и паркинг, а домовите се загреваат...

Најчитани неделава