Плодност, дружељубивост: Што сè открива вашиот глас за вас?

Иако звучи неверојатно, но доволно е само една секунда за да откриете некој детаљ за вашиот карактер преку вашиот глас. Вашиот глас не само што има уникатен звук, туку дава корисни, а понекогаш и навистина неочекувани информации.

plodnost-druzheljubivost-shto-se-otkriva-vashiot-glas-za-vas-01.jpg

Погледнете што открива вашиот глас за вас:

Екстровертност и интровертност

Вашиот глас може да открие дали сте екстроверт или интроверт. Најчесто екстровертите зборуваат побрзо и погласно. Интровертите од друга страна, ги искажуваат своите мисли на потивок и побавен начин.

Доверливост

Само еден поздрав може да им покаже на луѓето дали можат да ви веруваат. Во едно истражување се покажало дека мажите кои го изговарале крајот на зборот „Здраво!“ со повисок тон изгледале подоверливи. Кај жените пак, важи обратното – оние кои го изговарале крајот на зборот со подлабок глас звучеле подоверливо.

plodnost-druzheljubivost-shto-se-otkriva-vashiot-glas-za-vas-02.jpg

Висина

Во едно истражување, испитаниците требало да одредат кој од двајца соговорници е повисок, а потоа да подредат 5 по висина. Дури 62,17% од испитаниците успеале да ја препознаат повисоката личност. Најчесто, повисоките личности имаат понизок и подлабок глас.

Плодност

Изгледа дека менструалниот циклус не влијае само врз расположението и хормоналните промени. Наводно, месечниот циклус има влијание и врз гласот на жените.

Гласот на жените станува повисок кога им се наближува овулацијата, а ова значи дека жените со повисок глас можеби се поплодни.

plodnost-druzheljubivost-shto-se-otkriva-vashiot-glas-za-vas-03.jpg

Сила

Гласот може да ја открие и силата на горниот дел од телото кај мажите. Едно истражување покажало дека физички посилните мажи обично имаат подлабок глас.

Професионалност

Знаевте ли дека вашиот глас може да има влијание и врз вашата кариера? Наводно, луѓето кои зборуваат побавно и со подлабок глас најчесто се помалку образовани и помалку компетентни, а ова е особено истакнато кај жените.

Всушност, овој начин на зборување може да го натера потенцијалниот работодавач да го одбие кандидатот.

plodnost-druzheljubivost-shto-se-otkriva-vashiot-glas-za-vas-04.jpg

Паркинсонова болест

Промените во гласот можат да укажуваат на Паркинсонова болест. Кај пациентите со оваа болест е забележано забавување на говорот, стишување на гласот и проблеми со дишењето.

Луѓето со Паркинсонова болест почнуваат да зборуваат монотоно, а во подоцната фаза од болеста, тиковите стануваат позабележителни.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
Двојни стандарди од кои ни се крева косата - лицемерни реакции на иста ситуација меѓу мажите и женит... Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак. Кои...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...

Најчитани неделава