12 работи што ќе ги направите денес, без изговор

Дали одамна одолговлекувате некоја обврска? Дали одвојувате време за себе и дали правите нешто што ви причинува задоволство? А дали сте се заблагодариле за нештата што ги имате?

12-raboti-shto-kje-gi-napravite-denes-bez-izgovor-01.jpg

Доколку одговорот е „Не“, ветете си дека денес ќе ги направите овие 12 работи, без изговор:

1. Ќе зрачите со позитивна енергија. Не затоа што ви треба да ви се случи нешто добро што ќе ви ја направи неделата подобра. Туку затоа што работите напорно и заслужувате да се чувствувате добро и да ви се случуваат убави нешта.

2. Ќе изгледате одлично. Ќе си направите добра фризура и ќе си го ставите омилениот кармин. Ќе направите модна комбинација во која ќе изгледате совршено и ќе се чувствувате одлично.

3. Најпрво ќе ја завршите најтешката обврска за денес. Можеби тоа е задача на работното место што не ви се допаѓа. Можеби е вашата домашна. Можеби тоа е одење во теретана.

Без разлика која е вашата најтешка обврска за денес, ќе ја завршите рано, за да го избегнете стресот во текот на денот.

12-raboti-shto-kje-gi-napravite-denes-bez-izgovor-02.jpg

4. Ќе направите нешто само за себе. Ќе си купите кафе. Ќе одите на прошетка после ручекот. Ќе ги запишете вашите мисли.

Престанете сите други да ги правите приоритет и ставете се на прво место.

5. Ќе го поминете денот без да се пожалите за нешто. Ќе сфатите дека оваа позитивност ќе ви го промени целиот фокус.

6. Во вашиот дневник ќе запишете три нешта за коишто сте благодарни денес. Можеби тоа е утринското кафе, вашите пријатели или што било што ве прави среќни.

12-raboti-shto-kje-gi-napravite-denes-bez-izgovor-03.jpg

7. Ќе ја објавите фотографијата на која не сте сигурни дека изгледате добро. Вие сте вашиот најлош критичар, па време да го промените тоа.

Во ред е да сакате да имате друго тело, различна коса или различен стил. Но, тоа не значи дека не можете да се сакате и цените онакви какви што сте.

8. Ќе тргнете мала сума пари настрана, макар и 100 денари. Од денес ќе одлучите да бидете повнимателни со вашите пари и да мислите на вашата иднина.

9. Ќе си ја пуштите омилената песна, онаа што ви дава енергија, што ве инспирира и што ве подготвува на сè. Онаа песна на која можете да „се изгубите“.

12-raboti-shto-kje-gi-napravite-denes-bez-izgovor-04.jpg

10. Ќе му испратите порака на некој ваш пријател, роднина, братучед, и ќе го прашате како е.

Колку често му пишувате или му се јавувате на некој само за да го прашате како е, а не за да се пожалите или да озборувате?

Денес ќе го направите ова. Можеби на таа личност токму денес ѝ е потребен вашиот совет.

11. Ќе го исклучите вашиот телефон еден час откако ќе се вратите од работа. Нема ништо на Instagram или на Facebook што е толку важно.

Исклучете го телефонот, направете вечера, пушете си музика и бидете присутни во реалниот живот.

12. Ќе се охрабрите да направите нешто надвор од вашата комфор зона.

Можеби ќе побарате повисока плата. Можеби ќе аплицирате на работното место за кое не верувате дека сте компетентни. Можеби конечно ќе ѝ пријдете на личноста што ви се допаѓа.

Направете нешто што прави да се чувствувате неудобно и ќе се воодушевите од резултатите.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...

Најчитани неделава