Што навистина мислат другите за вашите селфи фотографии?

Конечно сте го нашле совршеното место за фотографирање. Сте направиле неколку селфиња и најдоброто ќе го објавите на Instagram.

shto-navistina-mislat-lugjeto-za-vashite-selfi-fotografii-01.jpg

Но, без разлика колку добро мислите дека е вашето селфи, вашите следбеници можеби не го делат истото мислење.

Неколку истражувања работеле на оваа тема и откриле што луѓето навистина мислат за фотографиите што ги објавуваме, особено кога се селфиња.

Оние кои објавуваат повеќе селфиња изгледаат како несигурни и неуспешни

Сте се запрашале ли што мислат другите за вас кога ги гледаат вашите објавени фотографии?

Истражувачите од Универзитетот во Вашингтон си го поставиле ова прашање и пробале да го најдат одговорот.

View this post on Instagram

A post shared by Amanda Seyfried💛 (@mingey)

За да откријат што се крие зад „лајковите“ на социјалните мрежи, научниците анализирале што мислат испитаниците за карактерот на неколку луѓе, според нивните фотографии на социјалните мрежи.

Резултатите биле изненадувачки.

Излегло дека луѓето кои објавувале повеќе селфиња, биле гледани како помалку успешни, позатворени и несигурни.

„Ова покажува дека постојат одредени визуелни фактори, независни од контекстот на фотографијата, кои предизвикуваат позитивен или негативен одговор на социјалните мрежи“, изјавил Крис Бери, професор по психологија.

Покрај тоа, селфи фотографиите го величаат физичкиот изглед, нешто што често се гледа како негативно.

Од друга страна, луѓето кои објавувале фотографии со разни пози или направени од некој друг, биле гледани како успешни личности со голема самодоверба. Истовремено, овие луѓе биле гледани и како потенцијални добри пријатели.

Зошто толку строго им судиме на туѓите селфи фотографии?

Најверојатно, луѓето реагираат позитивно на другите фотографии бидејќи изгледаат поприродно од селфињата.

Фотографијата на која се гледате целите, покажува како навистина изгледате, па за другите е попријатна.

Покрај тоа, ако обично објавувате други фотографии, а одеднаш објавите селфи, ова може да биде сигнал дека постои нешто чудно или необично за вашиот карактер.

Истовремено, селфи фотографиите често ве прикажуваат од друг агол и прават да изгледате многу поразлично.

https://www.instagram.com/p/B3AphNIACTs/

Можеби воопшто не помислувате на тоа, но луѓето можат да донесат многу заклучоци за вас од вашите селфи фотографии.

Кога објавувате само селфи фотографии, најчесто изгледате како осамена личност бидејќи наводно, нема кој да ве фотографира.

Некои истражувања дури нашле и поврзаност помеѓу објавувањето селфи фотографии и нарцисоидноста. Односно, оние кои објавуваат многу селфи фотографии имаат потреба од внимание, а нивните следбеници го забележуваат тоа.

Се разбира, резултатите од овие истражувања не значат дека луѓето не ги сакаат вашите селфи фотографии или дека мислат нешто лошо за вас. Само, добро би било да знаете какво може да биде влијанието на селфињата врз вашиот имиџ.

Па, следниот пат кога ќе сакате да објавите селфи, обидете се да замислите што би помислиле другите за вас поради таа фотографија.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотографии кои ќе ве натераат да кажете „Ах, ова е Италија“ Тераса во облик на чаша вино, па каде ако не во Италија? Ренесансни скулптури им...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Волшебници, астрономи, филозофи, јасновидци - кои биле древните друиди? Друидите биле членови на образована, професионална класа на луѓе меѓу келтските ...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg