Психологија на боите - што открива вашата омилена боја?

Се верува дека интересот за боите постои уште од пред 5000 години, кога античките Египќани носеле свети камења во разни бои и ги поврзувале боите на камењата со виталните чакри на телото.

psihologija-na-boite-shto-otkriva-vashata-omilena-boja-001.jpg

Денес, во арт терапијата се верува дека секоја боја има своја уникатна бранова должина која кореспондира со брзината на вибрации, кои го хармонизираат мозокот и телото и влијаат позитивно врз нарушувањата во расположението.

Во продолжение ви набројуваме неколку од карактеристиките на боите од арт терапијата, поточно хромотерапијата:

psihologija-na-boite-shto-otkriva-vashata-omilena-boja-002.jpg

Бојата на мирот и сигурноста. Исто така претставува чистота, па затоа традиционално ја носат невести и доктори.

Според некои истражувања автомобилите во бела боја се најмалку вклучени во сообраќајни несреќи, па затоа во некои држави автомобилите во бела боја имаат повисока цена од автомобилите во друга боја.


psihologija-na-boite-shto-otkriva-vashata-omilena-boja-03.jpg

За оваа боја се вели дека е неутрална боја која го анестезира мозокот и притоа дава чувство на контрола и смиреност.

Се препорачува за деловни ситуации кога сакате да оставите впечаток дека ја имате контролата во свои раце но и кога сакате да оставите впечаток на зрел човек.

Големи компании како Apple и Mecedes-Benz ја користат сивата боја како основа на нивните логоа.


psihologija-na-boite-shto-otkriva-vashata-omilena-boja-04.jpg

Оваа боја претставува елеганција и моќ.

Луѓето ја перципираат црната боја како боја на супериорноста, високата класа и големиот статус.

Пример за познати брендови со црна боја на логото се: Nike, Adidas, Disney, Sony...


psihologija-na-boite-shto-otkriva-vashata-omilena-boja-05.jpg

Позната е и како кралица на боите, бидејќи највеќе се истакнува од сите. Оваа боја стимулира креативност.

Интересен податок е дека според некои истражувања сината боја важи за најомилена боја во светот (речиси 40% од луѓето се изјасниле дека сината им е омилена боја).

Често е употребувана како лого на технолошки компании, пример Facebook и LinkedIn.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Заборавената сопруга од Србија на Ајнштајн: Му ги решавала математичките проблеми, тој ја изневерува... Првата сопруга на Ајнштајн, Србинката Милева Мариќ, бла гениј исто како и физича...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...
„Белата како спокој и мир во гласниот свет“ – Pantone ја објави бојата на 2026 година Cloud Dancer е прогласена за боја на 2026-та година од Pantone - насекаде ќе гле...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
Им паѓале заби и умирале во агонија бидејќи работеле со радиоактивна боја: Тажната приказна за „ради... Во 1920-тите, за младите девојки од Америка било премија да работат во фабрика к...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...

Најчитани неделава