Родители бараат дадилка која ќе работи бесплатно и ќе им плаќа кирија

Некои луѓе очигледно забораваат дека и дадилките заслужуваат пристојна плата за нивниот труд.

roditeli-go-razbranuvaa-internetot-so-nivnite-baranja-za-nova-dadilka-01.jpg

Всушност, дадилките заслужуваат навистина добра плата кога ќе се земат предвид предизвиците со кои се соочуваат. Особено ако работат за родители кои бараат премногу.

Секој родител го сака најдоброто за своето дете, но некои одбиваат да им дадат признание на оние кои им помагаат во тоа. Совршен пример за ова е семејството што се прослави на Reddit.

Овие родители не само што не планирале да ја плаќаат дадилката, туку бараат таа да плаќа за престојот во нивната куќа. Со други зборови, таа нема да добива плата, но ќе плаќа пониска кирија за да се грижи за нивното дете.

„Ние сме тричлено семејство кое бара дадилка/студент кој ќе работи за евтино сместување и ќе ни помогне да се грижиме за 6-годишниот син“, стои во нивниот оглас.

Во огласот стои дека избраниот кандидат ќе треба да плаќа 60 долари неделно за кирија, освен за празници, кога престојот ќе биде бесплатен.

„Треба да бидете достапни од 2 наутро, дури детето да замине на училиште во 8:45. Вашите должности ќе бидат да го разбудите, да го подготвите за училиште, да се осигурате дека појадувал, се измил заби и слично.“

Како ова да не е доволно, семејството бара кандидатот да има возачка дозвола, но и свој автомобил. Покрај тоа што самиот треба да се грижи за неговата исхрана, кандидатот ќе биде задолжен и за средување на кујната после појадок.

Родителите не сакале дадилка која пушта гласна музика или која си доаѓа дома во неразумно време. Истовремено, не смее да има гости, освен без претходен договор со родителите. Сепак, очекувале бројот на посети од пријателите да биде сведен на минимум, а доколку дадилката има дечко/девојка, посетата за него/неа е забранета.

Во домот ќе инсталирале и камери, со цел да се избегнат недоразбирањата.

Родителите споделиле и фотографии од сместувањето за кое ќе плаќа дадилката.

roditeli-go-razbranuvaa-internetot-so-nivnite-baranja-za-nova-dadilka-02.jpg

roditeli-go-razbranuvaa-internetot-so-nivnite-baranja-za-nova-dadilka-04.jpg

roditeli-go-razbranuvaa-internetot-so-nivnite-baranja-za-nova-dadilka-05.jpg

Според една дадилка, причината за ваквиот однос на родителите кон дадилките е љубомора.

Наводно, родителите сакаат целиот ден да го поминат со нивните деца, но дадилките се тие што ја имаат таа можност. Па, родителите ја гледаат грижата за децата како задоволство и сметаат дека нема потреба да плаќаат за тоа.

Тие го гледаат заедничкото време на дадилката и детето како привилегија, а не како работа.

Извор

Би можело да ве интересира:

Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...

Најчитани неделава