До 30.03 сме во ретрограден Меркур - што значи ова и каков период да очекуваме?

Од 17.02 на сцена влегува ретрограден Меркур - најомразениот период за многу луѓе. Ретрограден Меркур е привидно движење на Меркур наназад, и укажува на поизразена опасност од можни почести или значајни грешки во постапките и во разбирањето. 

do-30-03-sme-vo-retrograden-merkur-sto-znaci-ova-i-kakov-period-da-ocekuvame-01.jpg

Во астрологијата, Меркур е поврзан со комуникација и информации, со перцепција, со размислување и расудување, со транспорт и патување, со размена и трговија и др.

Каков период може да очекуваме?

Кога Меркур е ретрограден, честопати е неопходно да се биде екстра внимателен.

Ретрограден Меркур претставува поголем ризик за започнување на некои активности или некои работи без соодветна подготовка или без доволно јасен, прецизен и реален план и правилно разгледување на ситуацијата.

Ова, исто така, повлекува ризик од пречки, проблеми и неуспех во обидот да се реализираат идеи и планови.

Оваа транзиција со себе носи опасност од животни „стапици“, па е пожелно да бидеме претпазливи кога станува збор за важни договори, согласности, потпишување договори и слично.

Sto e retrograden Merkur i sto da ocekuvame od nego vo ovoj period 02

Дополнителна претпазливост е исто така пожелна при купување недвижнини, автомобили и скапоцености, како и при превоз на вредни артикли.

При патување постои поголем ризик од појава на разни непријатни ситуации, а таквите непријатности често можат да бидат поврзани токму со појава на дефект на возилото и недоразбирања во комуникацијата помеѓу луѓето кои патуваат.

Првиот ретрограден Меркур во 2020 година започна на 17.02 и ќе трае до 30.03. Овој ретрограден Меркур е во знакот на Рибите, што значи дека е лишен од својата рационална страна и логичка природа.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година Тесни панталони, џемпери со тесни јаки, прибор кој детето нема ни да го користи ...
Што очекуваме vs. што добиваме во животот, низ забавни илустрации Иако никогаш во животот не сме трчале, упорно се лажеме дека за викенд ќе станем...
Преплашен е од неа, таа има дечко: Најлудите теории на заговор за бракот на Доналд и Меланија Трамп „Познавам само една личност што го мрази Доналд повеќе од Меланија“, има изјавен...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...

Најчитани неделава