Мудра, разумна – името Софија симболизира смирен, но решителен ум

Софија е едно од најпопуларните имиња во светски рамки. Името има грчко потекло, а оригиналната форма изгледа вака: Σοφία. Основното значење на името е мудрост (мудра) и разумност (разумна). Воедно означува и доблест и божествена мудрост.

Sofija-simbolizira-mudrost-razumnost-01.jpg

Употребата на името Софија датира уште од античка Грција и римската култура,односно Византија и често им се доделувало на девојчињата затоа што опишува силни морални квалитети.

Во средниот век името се проширило и помеѓу христијаните, особено по Света Софија Миланска, мајката на Вера, Надеж и Љубов.

Покрај формата Софија името често пати се среќава и без Ј помеѓу последните 2 самогласки, односно Софиа. Ова е едно од најпопуларните имиња во светски рамки.

Девојките и жените коишто го носат ова име се енергични и активни. Софија како личност е љубопитна и може да постави 101 прашање за работите коишто ја интересираат.

Жените кои се викаат Софија се нежни, женствени и деликатни. Тие се полни со љубов и грижа за најблиските, страсни се, ќе ви го посветат сето внимание, но за возврат ќе го побараат истото.

Имаат смирен, но решителен ум и ретко може да ги поколебате. За нив, топлината и искреноста се столбот на добрите семејни односи.

Која е вашата мудра, најсакана Софија во животот?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Двојни стандарди од кои ни се крева косата - лицемерни реакции на иста ситуација меѓу мажите и женит... Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак. Кои...
9 реални илустрации колку се менува животот на жените кога имаат 20 vs. 40 години Со годините доаѓа и способноста за поставување граници во комуникацијата со коле...
8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...
„Пријателката ми исчезна од животот преку ноќ - ме боли повеќе од развод“ „Ги гледавме нашите деца како растат и се поддржувавме кога нашите бракови заврш...
Стара е за да се шета вака облечена, предрасуди за жените над 50-тата! Сигурно сте слушнале изјави како „Не ѝ личи на годините вака да се однесува“ или...
Никола, Ана: Имиња кои означуваат среќа и се благослов за тие што ги носат Лука - Име кое често се поврзува со светлина и добри работи, а последниве години...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg