5 трикови кои ќе ви помогнат да оставите добар прв впечаток

Првиот впечаток што го оставате на луѓето е поважен отколку што мислите. Би било добро кога луѓето не би ги суделе другите според надворешниот изглед, туку според карактерот и заслугата.

5-trikovi-koi-ke-vi-pomognat-da-ostavite-dobar-prv-vpecatok-fg.jpg

Но, сите знаеме дека првиот впечаток е поважен од другите квалитети.

Постојат неколку трикови што можат да ви помогнат да оставите добар прв впечаток:

Не се насмевнувајте веднаш штом ќе се сретнете

Сите сме свесни дека насмевката сигнализира пријателски однос кон луѓето, но експертите советуваат дека не треба да претеруваме. Тие велат дека кога ќе сретнеме некого, треба да почекаме неколку моменти пред да се насмевнеме за првпат, затоа што тоа ќе направи да изгледаме поприродно.

Не „зјапајте“ во соговорникот

Истражувањата откриле дека мажите понекогаш го толкуваат долгиот контакт со очите како агресивно однесување. Поради оваа причина, треба да бидете претпазливи кога за првпат го слушате вашиот соговорник. Обидете се да не го гледате премногу долго.

5 trikovi koi ke vi pomognat da ostavite dobar prv vpecatok 02

Обрнете внимание на вашето држење

Погледнете ги професионалните спортисти и актери. Тие ретко се подгрбавени. Нивната околина ова го толкува како знак на голема самодоверба. Експертите ќе ви кажат дека треба да обрнете внимание на вашето држење, особено кога запознавате нови луѓе.

Покажете го вашиот интерес за соговорникот

Не, тоа не значи дека треба да бидете премногу агресивни кон личноста со која се среќавате за првпат. Туку, треба внимателно да ја слушате, да поставувате соодветни прашања и на други невербални начини да сигнализирате дека сте заинтересирани за тоа што сака да го каже.

5-trikovi-koi-ke-vi-pomognat-da-ostavite-dobar-prv-vpecatok-02.jpg

Дел од работите на кои треба да посветите внимание кога првиот впечаток ви е важен, е и комбинацијата на облека во која ќе се појавите. Доколку повеќе немате идеи и ви требаат свежи стајлинзи, шик парчиња можете да најдете и во онлајн продавницата на Fashion Group.

Запомнете - нема втора шанса за прв впечаток.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg