30 животни вистини (2)

30-zivotni-vistini-2-povekjeВо продолжение на првите 15 животни вистини уште 15 нешта кои треба да ги имате на ум. Животот е еден па затоа ценете го и научете како да го...

 

...живеете и искористите максимално.

16. Држете се до своите верувања. Немојте да се плашите да го истражувате и да го продлабочувате знаењето за некои сопствени ставови, но ако сметате дека се исправни, немојте да ги менувате заради другите.

30-zivotni-vistini-2

17. Смртта е неизбежна. Сите се плашиме од смртта, но тоа е затоа што се плашиме од промени. Смртта е неизбежна промена на нештата.

18. Ниту една друга личност не може да ве направи потполни. Без оглед на тоа колку се плашите од самотијата, ако не сте потполно сами не може партнерот да ве направи комплетна личност. Таквото очекување е потполно нереално.

19. Ништо не е целосно бесплатно. Се на светот чини пари. За да добиете нешто морате да дадете нешто.

20. Зборовите се навистина моќни. Често луѓето зборуваат повеќе отколку што треба без да ја сфатат моќта на зборовите. Тие носат надеж, може да направат некого среќен, да го растажат, повредат, можат и да заболат...

21. Ништо никогаш не е како што сте замислиле. Хроничната загриженост е најголем причинител на стрес. Во реалноста, сепак, големината на нештата не е како што сте стравувале.

22. Не мора да завршите се што сте започнале. Доколку видите дека некој брод тоне, слободно фрлете се во чамецот за спасување. Немојте да допуштите и вие да потонете со него.

23. Животот е патување кое го започнуваме и завршуваме сами. Со другите мораме да научиме да живееме, но ако не научите да живееме сами со себе на време, никогаш нема да бидете вистински среќни.

24. Многумина ќе ве сакаат, некои нема. Секогаш ќе имаат луѓе кои ќе ве сакаат и покрај вашите недостатоци, баш такви какви што сте, но нема сите. Сами одлучувате кои од нив ќе ви бидат значајни.

25. Губењето време е најлоша загуба од сè. Времето е потценето. Научете да го користите своето време. Секоја минута која ќе помине неискористена, никогаш нема да се врати.

26. Имате моќ да го промените својот живот. Никој не е беспомошен. Морате да знаете дека она што нам ни се чини како успех преку ноќ, на другите им требало 10 години напорна работа и труд.

27. Неуспехот е лекција од која треба да научите нешто. Никој не може да прави се совршено. Кога нешто нема да успеете, имате можност да научите нешто од тоа и да ги разберете подобро своите способности и ограничувања.

28. Натпреварувајте се со себе, а не со другите. Трудете се да напредувате во однос на она што сте биле, а не во однос на она каде се другите. Ако некој има подобра појдовна позиција, вие можете да трчате нанапред, а тој да оди наназад, сеедно – никогаш нема да го престигнете.

29. Луѓето доаѓаат и си одат. Никогаш не знаеме што ни подготвува иднината. Затоа е најдобро да уживате и да градите добри моменти со луѓето кои ги имате сега во животот. Покажете им дека ви се значајни.

30. Најважните работи се најтешки за постигнување, а најважните вистини – најтешки за прифаќање. Немојте да се плашите да се соочите со вистината. Таа ќе ве ослободи. Некои работи се тешки за прифаќање, но кога еднаш ќе ги сфатите, лесно ќе ве направат посреќни.

Би можело да ве интересира:

Разбиваме митови: Невестата не треба да носи бисери на свадбата, затоа што ќе ѝ донесат солзи Некои веруваат дека колку бисери има на ѓерданот, толку години ќе поминете несре...
Најповлечениот милијардер, второто најбогато семејство на светот: Кои се богаташите што се „кријат“ ... Филип Аншуц е нарекуван „најповлечениот милијардер во Америка“, а тој е личноста...
5 мисли кои ќе ви помогнат да се разбудите наутро Фокусирајте се на обврските кои ве очекуваат и, едноставно, кажете на глас „Дене...
Вработена во хотел со предупредување: „Зошто никогаш не треба да го користите шампонот оставен во хо... Дали сами си носите средства за хигиена во хотел или ги користите оние што ви се...
Најмладиот сериски убиец во светот: На 8 години ја убил сестра му Во 2007 година, осумгодишниот Амарџит Сада имал насмевка на лицето додека го нос...
Фото-докази дека Сингапур е како земја oд друга планета (и навистина кул место за живот) Лулашки во парк за инвалидска количка, капсули за спиење во универзитетски библи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg