Како полесно да се навикнете на ниските температури?

На ниски темеператури, понекогаш, колку и да сме облечени или покриени, имаме чувство како да не можеме да се стоплиме.

kako-polesno-da-se-naviknete-na-niskite-temperaturi-01.jpg

За да не шетате постојано со ладни раце и нозе, a и полесно да се прилагодите на ниските температури, може да ги пробате следните работи:

1. Облекувајте се во слоеви, освен на стапалата

Слоевитото облекување ќе ви помогне да се стоплите, но ова правило не важи за стапалата. Не облекувајте дебели или повеќе пара чорапи, бидејќи сопирањето на нормалниот крвоток го има спротивниот ефект.

kako-polesno-da-se-naviknete-na-niskite-temperaturi-02.jpg

2. Разместете го мебелот од надворешните ѕидови

Важно е големите парчиња мебел да не бидат залепени за грејните тела за да не ја собираат топлината, но и да не бидат на надворешен ѕид, за кога седите или лежите да не ви студи.

kako-polesno-da-se-naviknete-na-niskite-temperaturi-03.jpg

3. Прескокнете го алкохолот

Иако моментално создава илузија дека ве топли, сепак алкохолот докажано ја намалува температурата на телото и прави да ви е ладно.

kako-polesno-da-se-naviknete-na-niskite-temperaturi-04.jpg

4. Инвестирајте во квалитетни ракавици

Добар пар ракавици сериозно може да ве заштити од тресењето од студ кога сте надвор.

kako-polesno-da-se-naviknete-na-niskite-temperaturi-05.jpg

5. Носете волна

Обичен волнен шал или префрлено волнено ќебенце може да ве спаси кога сте подолго во исто место, без да се движите.

kako-polesno-da-se-naviknete-na-niskite-temperaturi-6.jpg

6. Оставете ја рерната отворена откако ќе печете нешто

Било што и да готвите во рерната, потоа оставете ја отворена. На тој начин добивате неколку степени поголемо затоплување со ист тошок на енергија.

kako-polesno-da-se-naviknete-na-niskite-temperaturi-07.jpg

7. Оставете ја вратата од тоалетот отворена по туширањето

Влажноста и пареата прави воздухот да биде потопол.

kako-polesno-da-se-naviknete-na-niskite-temperaturi-08.jpg

8. Поставете блокади на вратите и прозорците

Ако имате врати и прозори низ кои влегува ладен воздух, заштитете се со евтино и лесно решение – блокади во облик на перничиња.

kako-polesno-da-se-naviknete-na-niskite-temperaturi-09.jpg

9. Јадете и пијте топло

Ладните салати заменете ги со топли супи, ладното кафе со топла верзија, соковите со чај... Секогаш одбирајте топли јадења и пијалаци со долготраен ефект на топлина.

kako-polesno-da-se-naviknete-na-niskite-temperaturi-10.jpeg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сериски убиец или трговија со луѓе? Во период од 10 години биле најдени 20 човечки стапала на брегов... Од 2007 до 2019 година, на бреговите на Салишкото Море во Канада било најдено 21...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
8 секојдневни работи кои (речиси) сите ги правиме погрешно Дали нанесувате маска или регенератор дури и на корените на косата? А, каде го с...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg