7 позитивни животни мудрости

7-pozitivni-zivotni-mudrosti-povekjeАко денес не сте среќни, кренете ја главата горе и сетете се на 5 позитивни работи во вашиот живот. Зошто сакате да сте овде? Зошто вреди да се насмевнете...


...и да продолжите понатаму?

Ова се 7 нешта кои вреди да ги имате на ум:

7-pozitivni-zivotni-mudrosti

1. Живејте денес. Ако се сконцентрирате само на денес, а на утрешниот ден дури кога навистина ќе пристигне, ќе се поштедите себе си од стрес, ќе го подобрите својот фокус и продуктивноста.

Секако, мора и да ги планирате работите кои ве очекуваат, но постојаното размислување на иднината ќе почне да ви пречи во секојдневниот живот.

Ограничете го времето кога ќе се оптоварувате со проблемите кои ве очекуваат. Нека бидат максимум 15 минути на ден.

2. Соочете се со препреките. Лесно е да седите и да размислувате за работите кои можат да ви се случат, но најчесто тоа се само големи чудовишта кои постојат само во вашите мисли.

По правило, повеќето животни препреки лесно се совладуваат ако навистина се потрудите. Чекор по чекор, до остварување на целта.

3. Потрудете се да разберете. Разговарајте со луѓето, направете истражувања и ќе видите дека стравовите исчезнуваат. Сфатете дека што и да е – ќе помине.

4. Пронајдете ја добрата страна на проблемите. Проблемите ни помагаат подобро да се разбереме себе си и да се развиваме како личност. Некои од нив комплетно нè обесхрабруваат, но секогаш постојат опции.

5. Внимавајте кои фрази ги користите. Немојте да зборувате и мислите негативно. Секогаш користете зборови како надеж, верба, победа, успех... Токму од зборовите кои ги користиме произлегува нашата моќ.

6. Немојте да учите само од сопствените грешки. Некои грешки се интересни затоа што нè учат на нешто вредно, но набљудувајте ги и другите луѓе. Не морате да почувствувате сè на сопствена кожа.

7. Научете да се сакате себе си!

Би можело да ве интересира:

Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
Луѓето кои биле во култ откриваат кога сфатиле дека се заробени „Мислам дека отсекогаш знаев, но решив да си заминам кога постарите членови ми р...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...
Што прават терапевтите кога се чувствуваат депресивно? Прават работи што ги радувале кога биле деца, си поставуваат реалистични цели за...
Десет работи што учтивите луѓе никогаш не ги прават во ресторан Не се однесуваат супериорно кон келнерите и не им се жалат на вработените во рес...
9 (не толку) забавни ситуации пред празниците во кои ќе се препознае секоја жена Планирате да поминете најмалку можно време во кујната пред празниците, но толку ...

Најчитани неделава