Кока Кола - жив билборд

koka-kola-ziv-bilbord-povekjeКока Кола и Светската федерација за заштита на природата, минатата недела во главниот град на Филипини го претставија првиот жив билборд.


Зелените „точки“ распоредени околу шише од популарниот безалкохолен пијалак се направени од илјада стебла чај Фукиен, и распоредени на целата површина на овој необичен билборд, чии димензии се 20x20 метри.

Фукиен чајот потекнува од истоимената провинција во Јужна Кина и претставува една од најчесто користените билки за изработка на аранжмани со бонсаи.

Според соопштението секоја билка од употребените за изработка на билбордот, годишно може да апсорбира 5,9 килограми јаглен диоксид, односно целиот билборд за една година апсорбира 21.200 килограми јаглерод диоксид.

Освен основата која е изработена од билки, и останатите материјали употребени за негова изработка ги задоволуваат барањата на организацијата за заштита на животната средина.

Саксиите во кои се поставени билките се изработени од рециклирани шишиња кока кола наполнети со мешавина од индустриски биопроизводи и органско ѓубриво. Билките се поливаат со посебен систем на принципот капка по капка.

koka-kola-ziv-bilbord-1

koka-kola-ziv-bilbord-2

Би можело да ве интересира:

Тамара: Влегував во кола и од 9 до 11 пеев во Прилеп, а од 11:30 до 1:30 во Битола и дома со истите ... Во последната епизода на „Што го врти светот“, Тамара Тодевска и Тијана Дап...
Што се случуваше во првите месеци од 2020-та, пред самиот почеток на пандемијата? Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа, Џеј Ло беше во врска со Алекс Родр...
Интимни средби со стјуардеси, алкохол пред лет: Мрачните тајни на пилотите (кои добиле отказ) Иако мнозинството пилоти се посветени професионалци кои можат да ни служат и как...
Самоубиства, предозирања, киднапирање: Проклетството на династијата Гинис (кое трае до денес) Династијата Гинис, која стои зад една од најпознатите дестилерии во светот, има ...
Луѓе споделуваат необични работи кои ги виделе на летниот одмор – сигурно ќе им остане во сеќавање (... Колку пати ви се случило да видите нешто необично на одмор или на плажа? Луѓе сп...
10 чудни однесувања на личностите кои длабоко во себе се чувствуваат осамено Кои се знаците дека некој тајно се бори со осаменоста, но тоа нема да го признае...

Најчитани неделава