7 работи кои ги прават гостите во рестораните, а ги вадат од такт келнерите
Не давање искрена критика на лице место за храната или услугата, за да се коригира, туку критикување на социјалните мрежи.

Да се работи како келнер е навистина стресно. Треба да ги помните сите нарачки, да внимавате на посебните желби на гостите, да сте професионални кон персоналот од кујната, да служите брзо и ефикасно и во исто време да не ја симнете насмевката од лице.
Ова не е лесно воопшто.
Кои ситуации најмногу ги нервираат келнерите на работа:
Некултурни гости кои не ги ни поздравуваат келнерите и се однесуваат дрско и безобразно при правењето на нарачката.

Деца кои неконтролирано врескаат и родители кои не преземаат ништо во врска со тоа и ги игнорираат своите одговорности, па децата ги вознемируваат другите посетители и персоналот.

Седење со часови на празна маса или држење на маса 3 часа само со една шолја кафе, вака клиентите не само што му штетат на ресторанот, туку и на келнерот на кој му се скратува можноста да земе бакшиш од други гости.

Не давање искрена критика на лице место за храната или услугата, за да се коригира, туку критикување на социјалните мрежи.

Не оставање бакшиш и покрај одличната услуга.

Гости кои не знаат што точно сакаат, па постојано ја менуваат нарачката или на 2 минути го викаат келнерот за да нарачаат нешто ново.

Гости кои поради некој свој специфичен вкус сакаат да се исфрлат одредени состојки од јадењата и го менуваат цел рецепт на готвачот.

С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни)
Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)?
„Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
Не прават нова зграда без паркинг и уште 6 детали од животот во Јужна Кореја (што се подобри од кај ...
Со секоја нова станбена зграда се прави гради и паркинг, а домовите се загреваат...
Грешки со кои несвесно (и непотребно) си создавате стрес на летниот одмор
Правите натрупан распоред за секој ден наместо да се релаксирате и имате нереали...
6 знаци дека треба да избегнете некој ресторан кога сте на одмор – веројатно е „туристичка замка“
Имаат вработено личност која „собира“ гости од улица или се наоѓа веднаш до позн...
Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година
Тесни панталони, џемпери со тесни јаки, прибор кој детето нема ни да го користи ...