Како да го намалите отпадот што го создавате и зошто е важно да го направите тоа?

Можеби ви се чини невозможно да го намалите отпадот што го создавате, но треба да направите само некои мали промени во животните навики за да забележите разлика.

kako-da-go-namalite-otpadot-shto-go-sozdavate-i-zoshto-e-vazhno-da-go-napravite-toa-01.jpg

Со цел да го намалат загадувањето, некои луѓе пробуваат да живеат така што не создаваат воопшто отпад.

Сепак, ова може да биде невозможна мисија за некои од нас кога ќе се земе предвид дека скоро секој продукт што го купуваме доаѓа со пластична амбалажа или има барем нешто пластично на него.

Но, ова не значи дека нема начин драстично да го намалите вашиот отпад. Всушност, и тоа е сосема доволно кога немате услови да живеете со „нула отпад“.

Што е живеење со „нула отпад“?

Луѓето кои пробуваат да живеат со „нула отпад“ рециклираат, бараат начин да го искористат секој дел од храната што ја јадат и наместо во пластични амбалажи, настојуваат да ги купуваат храната и продуктите што ги користат рефус.

Исто така, тие не купуваат непотребни предмети и неретко купуваат на старо.

Со бројните промени во животните навики, дел од овие луѓе во една година навистина прават отпад само колку да наполнат една поголема тегла.

Иако ова е неизводливо за повеќето од нас, подборо е барем да пробаме да го намалиме отпадот што го создаваме отколку да не преземеме ништо. 

kako-da-go-namalite-otpadot-shto-go-sozdavate-i-zoshto-e-vazhno-da-go-napravite-toa-04.jpg

Зошто е важно да го намалиме отпадот што го создаваме?

Факт е дека кај нас се рециклира минимален дел од отпадот што го создаваме.

Ова значи дека сè што ќе фрлиме во корпата, завршува на некоја депонија. А, голем дел од нашиот отпад не е воопшто разградлив, што значи ќе стои на депонијата со децении.

Можеби најголем проблем моментално е пластиката која, како што веќе кажавме, е сеприсутна во нашите животи.

Пластиката не може да се рециклира бесконечно и по неколку циклуси на рециклирање станува неупотреблива. И, на крај повторно завршува во депонија.

Со текот на времето, пак, се претвора во микропластика – ситни, речиси микроскопски парчиња пластика – која е практично невозможно да се отстрани од почвата и водата што ги загадува.

Научниците веќе открија дека микропластиката почнала да навлегува во нашите тела, а допрва ќе ги видиме негативните последици од тоа.

Од сето ова, но и бројни проблеми што не ги ни спомнавме, станува јасно дека мораме во најмала рака да го преполовиме отпадот што го создаваме.

Прочитајте и Факти за загадувањето – колку видови постојат и кои се најголемите виновници?

kako-da-go-namalite-otpadot-shto-go-sozdavate-i-zoshto-e-vazhno-da-go-napravite-toa-03.jpg

Па, како да го постигнете тоа?

Не мора да се стремите кон тоа да живеете со „нула отпад“ и најдобро почнете со мали промени.

Неколку совети што ќе ви помогнат во тоа:

1. Не го купувајте она што не ви треба. Немојте да го полните домот со работи кои знаете дека кога-тогаш ќе завршат во корпата за отпадоци. Ќе забележите дека со ова ќе ги намалите и непотребните трошоци.

2. Побарајте еколошка алтернатива на предметите што ги користите секојдневно. Наместо да користите пластични шишиња за вода, купете си едно стаклено. Наместо пластични сламки, купете метални. Наместо салфети, користете крпа.

3. Купувајте рефус. Секогаш кога сте во можност, купувајте рефус и избегнувајте продукти кои се спакувани во многу пластика.

kako-da-go-namalite-otpadot-shto-go-sozdavate-i-zoshto-e-vazhno-da-go-napravite-toa-06.jpg

4. Купувајте на старо. Без разлика дали станува збор за облека, мебел или нешто друго, давајте им предност на работите на старо. Денес купувањето на старо станува многу популарно и со ова не само што ќе им дадете втор живот на разните предмети, туку и сигурно ќе заштедите.

5. Поправете ги работите што се поправаат. Наместо да фрлите нешто, проверете дали можете да го поправите и да продолжите да го користите. Овде спаѓаат секакви предмети – од електрични уреди, до облека.

6. Максимално користете ја храната. Пробајте да не купувате и да не правите повеќе храна отколку што можете да изедете. Исто така, некои остатоци, како лушпи од зеленчуци или овошки, можете да ги користите како природно ѓубриво за вашите растенија наместо да ги фрлите.

kako-da-go-namalite-otpadot-shto-go-sozdavate-i-zoshto-e-vazhno-da-go-napravite-toa-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Како учтиво да ја вратите нарачката во ресторан (и кога не е во ред да барате нов оброк)? Доколку ви ја згрешат нарачката или ви стават состојка која сте нагласиле дека н...
8 едноставни совети кои ќе ви го олеснат животот (а сигурно не сте ни слушнале за некои од нив) Како да ја исчистиме рибата од крлушките за 2 минути? Или да ги свариме јајцата ...
9 забавни илустрации кои покажуваат дека со стареењето гледаме поинаку на работите Конечно знаеме како да ги распределиме финансиите, избираме практични подароци, ...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg