10 причини зошто треба да правите добри дела (уште денес, уште веднаш)

За да бидете среќни – па, кој не би бил среќен ако си легне со помислата дека на некое гладно детенце му обезбедил топол оброк или на напуштено кученце – топол дом? За да го подобрите светот – ако правите добро, вие сте редок дијамант во овој свет и на ум ќе имате дека само со луѓе како вас овој свет може да биде подобро место за живот.

10-prichini-zoshto-treba-da-pravite-dobri-dela-01.jpg

За вас некое дело може да изгледа како мало и безначајно, а за некого може да биде целиот свет.

Некому можете да му ја вратите вербата во луѓето, да му бидете нова светлина во мракот, да му бидете капка надеж онаму каде претходно гледал само суша.

Причини зошто да правите добри дела:

- За да направите разлика – можеби за вас ќе биде мало дело, но за нечиј туѓ живот може да направи неверојатна разлика, замислете на бездомник да му помогнете да пронајде дом или работа, или пак да минете време во посета на постара осамена личност, која нема семејство.

- За да бидете гордост на родителите и на целиот образовен систем – да бидете нивен доказ дека добро си ја завршиле работата и да се гордеат со вас.

- Поради кармата – правете несебични работи, мислете позитивно и убави работи ќе ви се случуваат.

10-prichini-zoshto-treba-da-pravite-dobri-dela-03.jpg

- За да растете како личност – со правење добри дела ќе ви се развие духовната страна, што всушност е најважното нешто во животот.

- За да почувствувате внатрешно задоволство – за да имате внатрешен мир и да бидете задоволни од себе како личност на крајот од денот.

- Затоа што тоа ви е морална обврска кон општеството и природата – општеството е тимска работа, а на природата ѝ е потребна вашата помош, сега повеќе од кога било.

10-prichini-zoshto-treba-da-pravite-dobri-dela-05.jpg

- За да бидете горди и самоуверени – правејќи добри дела, ќе го будите восхитот кај останатите и тоа ќе направи да се чувствувате убаво во сопствената кожа.

- За да бидете среќни – па, кој не би бил среќен ако си легне со помислата дека на некое гладно детенце му обезбедил топол оброк или на напуштено кученце – топол дом?

10-prichini-zoshto-treba-da-pravite-dobri-dela-08.jpg

- За да си ја зголемите вредноста како личност – замислете секогаш да сте им на располагање на пријателите за да им помогнете во неволја, ќе се чувствувате вредно и незаменливо.

- За да го подобрите светот – ако правите добро, вие сте редок дијамант во овој свет и на ум ќе имате дека само со луѓе како вас овој свет може да биде подобро место за живот.

С. С. | Црнобело / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Тату-артистка им дава душа на лузните на луѓето и ги претвора во вистински ремек дела Французинката Марта Мадригал е тату-артистка која го користи својот талент да со...
3 психолошки причини заради кои секогаш сте несреќни + Што треба да промените? „Тоа што верувате дека сте во право за тоа што се жалите, не значи дека таквиот ...
7 древни јапонски техники со кои најлесно ќе ја надминете мрзеливоста Каизен, Ваби-саби, Хара Хачи Бу... Дали сте слушнале за овие техники п...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg