„Престанете да правите порно од јогата!“ - Да и во Македонија

Јога инструкторка, згрозена од тоа што се сервира на Инстаграм, ги нападна сите девојки што ја користат јогата за покажување на фит телото, секси аутфитите и на вулгарен начин ја претставуваат јогата, која е прекрасен спорт со фокус на духовноста. Се согласувате ли?

prestanete-da-pravite-porno-od-jogata-da-da-i-vo-makedonija-01.jpg

Како во Македонија, така и на светско ниво јогата на Инстаграм и ТикТок како да се претвори во порно.

Навистина невкусно, зарем не?

prestanete-da-pravite-porno-od-jogata-da-da-i-vo-makedonija-03.jpg

Јогата е прекрасен спорт со врвни инструктори со фокус на духовното, но ако пребарате јога, во последно време ќе ви излезат девојки со танга или сосема малку облека на себе како провоцираат за повеќе лајкови и следбеници.

Ништо од спиритуалната страна на јогата.

Кристина Риханоф, сопственичка на еден од најголемите јога центри во Велика Британија, вели дека јогата е иссексуализирана толку многу што веќе дури на некои луѓе им е одбивна помислата да се запишат на јога.

„Навистина ми е жал што ова се случува со една античка, длабока, значајна духовна практика која има за цел подобрување на нашата ментална и емоционална состојба. Сега сè изгледа површно и сексуализирано“, вели таа.

„Како некој што се занимава со јога веќе 20 години гледам дека јогата од нешто духовно некои девојки ја претвораат во покажување на нивната фит фигура и секси аутфити во смешно комплицирани пози.

Целта на јогата е да гради сила, свесност и хармонија на телото и умот. Навистина се уништуваат автентичните корени на јогата“, вели Кристина, згрозена од тоа што се сервира на социјалните мрежи.

Се согласувате ли?

prestanete-da-pravite-porno-od-jogata-da-da-i-vo-makedonija-05.jpg

prestanete-da-pravite-porno-od-jogata-da-da-i-vo-makedonija-06.jpg

prestanete-da-pravite-porno-od-jogata-da-da-i-vo-makedonija-04.jpg

prestanete-da-pravite-porno-od-jogata-da-da-i-vo-makedonija-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...
„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима) „По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“. „По тежо...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
Грешки со кои несвесно (и непотребно) си создавате стрес на летниот одмор Правите натрупан распоред за секој ден наместо да се релаксирате и имате нереали...
Бонтон правила што мора да ги следите на социјалните мрежи Не пишувајте навредливи коментари кои не би ги кажале во живо и подобро воздржет...

Најчитани неделава