Дали денес навистина е најдепресивниот ден од годината?

Се верува дека третиот понеделник од јануари – таканаречениот „син понеделник“ (Blue Monday) – е најдепресивниот ден од годината. Од каде потекнува ова верување и дали е воопшто точно?

dali-denes-navistina-e-najdepresivniot-den-od-godinata-i-od-kade-poteknuva-ova-veruvanje-01.jpg

Терминот „Син понеделник“ (Blue Monday) се однесува на третиот понеделник од јануари кој наводно е најдепресивниот ден од годината.

Годинава „синиот понеделник“ е денес – 16-ти јануари – па деновиве веројатно сте налетале на овој термин.

Но, дали овој понеделник е навистина најдепресивен и од каде всушност потекнува ова верување?

dali-denes-navistina-e-najdepresivniot-den-od-godinata-i-od-kade-poteknuva-ova-veruvanje-06.jpg

Терминот „син понеделник“ првпат се појавува во 2004 година и станува важен дел од рекламна кампања на британска туристичка агенција.

Туристичката агенција Sky Travel, која повеќе не работи, почнала да го користи „најдепресивниот ден од годината“ како дел од своите реклами, со надеж дека ќе ги натера луѓето да патуваат повеќе по празничната сезона.

Терминот првпат го спомнува Клиф Арнал - психолог и мотивациски говорник - но само поради туристичката агенција.

dali-denes-navistina-e-najdepresivniot-den-od-godinata-i-od-kade-poteknuva-ova-veruvanje-03.jpg

Имено, од агенцијата сакале да откријат кој е најдепресивниот ден од годината, по што стапиле во контакт со психологот кој, пак, направил формула со која „го пресметал“ овој ден. 

Во формулата се вметнати многу фактори – временски услови, долгови, откажување од новогодишните резолуции…

Проблемот е што истиот психолог има претставено две различни формули со кои наводно го одредил најдепресивниот ден, а секој кој барем малку разбира како функционираат математичките формули, ќе сфати дека се бесмислица.

Првата формула што ја претставил Арнал е следната:

dali-denes-navistina-e-najdepresivniot-den-od-godinata-i-od-kade-poteknuva-ova-veruvanje-02.png

Во оваа формула, Tt означува време на патување, C е време поминато на културни настани, R e време поминато во релаксација…

Арнал ги нема дефинирано мерните единици за формулата, особено не за бројот 400.

Па, веројатно ви станува јасно зошто формулата изгледа бесмислено.

Ништо подобра не е ни втората формула, во која има променливи како „потреба за делување“ или „ниско ниво на мотивација“ – работи на кои е невозможно да им се одреди вредност и мерна едница.

Сепак, рекламната кампања на туристичката агенција очигледно била успешна, бидејќи „синиот понеделник“ е феномен што е познат во многу држави, вклучувајќи и кај нас.

dali-denes-navistina-e-najdepresivniot-den-od-godinata-i-od-kade-poteknuva-ova-veruvanje-04.jpg

Иако овој „феномен“ е лажен, важно е да знаете дека во зимските месеци, негативните емоции, но и нарушувањата како депресија и анксиозност, навистина можат да бидат поприсутни.

За ова е одговорна таканаречената „зимска депресија“ – нарушување од кое се верува дека страда околу 10% од населението.

Симптомите на зимската депресија се исти како и на „обичната“ депресија, а нарушувањето се јавува од неколку фактори, вклучувајќи недостаток од сончева светлина, намалена активност, ниски температури…

Доколку ги чувствувате овие симптоми во зимските месеци, добро би било да се консултирате со експерт кој ќе ви помогне да се справите со нарушувањето.

dali-denes-navistina-e-najdepresivniot-den-od-godinata-i-od-kade-poteknuva-ova-veruvanje-05.jpg

Кога станува збор за „синиот понеделник“, некои експерти веруваат дека може да има и негативно влијание врз луѓето.

Според непрофитната организација од Англија Mental Health Foundation, иако феноменот е лажен, може да има лошо влијание врз психата на луѓето.

Проблемот е што кога го очекуваат „синиот понеделник“, луѓето се убедуваат дека ќе бидат несреќни. Оние кои веќе имаат проблеми како депресија, само ќе си ја влошат состојбата со ова верување.

Па, престанете да мислите дека денот ќе ви помине ужасно, а доколку навистина имате проблеми како депресија и анксиозност, разговорот со професионалец може да ви биде од огромна помош.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Навики на луѓето кои мудро ги трошат парите (и затоа се богати), низ илустрации Од мали нозе научиле дека нема потреба да трошат пари на храна што само ќе стои ...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...
Како да препознаете оригинален Victoria’s Secret спреј за тело и уште 5 други производи? Дали знаете како да препознаете дали парфемот што го купувате е оригинален или д...
„Никогаш не се откажувајте од никого, чуда се случуваат секој ден“: 20 животни лекции од 80-годишен ... „Позајмувајте само книги што не ви се важни“, „Размислете двапати пред да го опт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg