Зошто кучињата ја накривуваат главата кога им зборувате?

Сигурно сте забележале дека често кучињата ја накривуваат главата додека им зборувате и изгледаат како да ви го разбираат секој збор.

zosto-kucinjata-ja-nakrivuvaat-glavata-koga-im-zboruvate-01.jpg

Тоа не е случајно, туку има неколку можни причини:

Сакаат подобро да ве слушнат

Ушните школки на кучињата се движат, а со тоа им овозможуваат да го лоцираат звукот, па со помош на мозочните функции го одредуваат времето на звукот кој стигнува до увото. Кога кучето ја движи главата, добива дополнителни информации, односно, тоа му помага подобро да го лоцира местото и оддалеченоста на изворот на звукот.


Се обидуваат да ве разберат

Кучињата се обидуваат да ги идентификуваат познатите зборови или тонови кои ги асоцираат на награда. На пример, прошетка, коска, надвор... Мускулите на средното уво кај кучињата го контролираат делот од мозокот кој е одговорен за изразите на лицето и движењата на главата, па некои стручњаци заклучуваат дека кучето на тој начин се обидува да комуницира.


Така можат подобро да ви го видат лицето

Во обидот да ве разберат, кучињата не ги користат само зборовите и интонацијата што ги слушаат, туку и изразот на лицето, говорот на тело и движењето на очите. Затоа со накривувањето на главата се обидуваат подобро да ги забележат знаците на вашето лице.

Погледнете како изгледаат кога внимателно ве слушаат:

Би можело да ве интересира:

Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден... „Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...
16 преслатки миленици кои како да се препородија откако беа вдомени (фото) „Школска другарка ми се јави да ми каже дека под хаубата има заглавено маче и не...

Најчитани неделава