„Вие сте центар на животот на вашиот миленик, бидете до него во најтешкото!“ - совет од срце од ветеринар
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Вие сте центар на животот на вашиот миленик, бидете до него во најтешкото!“ - совет од срце од ветеринар

На интернет кружи објава од еден ветеринар за миговите кога луѓето одлучуваат да го успијат својот миленик бидејќи веќе е престар и многу болен и се мачи.

apel-od-veterinar-vie-ste-centar-na-zhivotot-na-vashiot-milenik-bidete-do-nego-vo-najteshkoto-01.jpg

„Кога сте сопственик на миленик, неизбежно е дека во најголемиот дел од случаите, вашиот миленик ќе умре пред вас. И ако е така, ако гледате дека се мачи и одлучите да го однесете на ветеринар за безболен крај, треба да знаете нешто.

Вие сте му биле центар на светот ЦЕЛИОТ НЕГОВ ЖИВОТ!!! Тоа може било само дел од вашиот, но тие сè што знаат како свое семејство во животот сте вие. Ова е ужасно тешка одлука и нè крши нас како луѓе кога ги губиме, но најважно е ако се одлучите на тој чекор да не ги оставате сами.

Не правете транзицијата живот-смрт да им биде во соба полна со странци (ветеринарот) на место кое не го сакаат. Мора да знаете дека во тие мигови тие ве бараат вас. Го гледаат секое лице во таа соба и проверуваат дали е вашето, односно дали е лицето на личноста што ја сакаат.

Тие не разбираат зошто сте си заминале од собата и сте ги оставиле кога тие се болни, исплашени, стари, умираат и им е потребна поддршка. Не бидете кукавици затоа што тоа ќе биде претешко за вас, замислете како вие би се чувствувале да бидете оставени во миговите кога сте најранливи.

И луѓето како мене, ветеринарите, даваат сè од себе за да ги утешат, да направат да бидат помалку исплашени и да им објаснат зошто не сте можеле да останете, но не е доволно.“

apel-od-veterinar-vie-ste-centar-na-zhivotot-na-vashiot-milenik-bidete-do-nego-vo-najteshkoto-02.jpgapel-od-veterinar-vie-ste-centar-na-zhivotot-na-vashiot-milenik-bidete-do-nego-vo-najteshkoto-03.jpgapel-od-veterinar-vie-ste-centar-na-zhivotot-na-vashiot-milenik-bidete-do-nego-vo-najteshkoto-04.jpgapel-od-veterinar-vie-ste-centar-na-zhivotot-na-vashiot-milenik-bidete-do-nego-vo-najteshkoto-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Слепо куче има куче водич, кое му помага во животот... Видео од слепо куче кое се симнува по скали со помош на своето куче водич станат...
Каква храна смеете да ѝ дадете на мачката, а која не смеете по никоја ... Нема ништо потрогателно од она кога мачката неодоливо ве гледа додека јадете, а ...
5 раси на кучиња идеални за семејства со дечиња Ветеринарите и познавачите на животни најмногу ги препорачуваат овие 5 раси на к...