Прашања што задолжително треба да си ги поставите пред да вдомите милениче

Вдомувањето миленичиња, особено бездомни или од стационар е еден од најхуманите потези кои некој може да ги направи.

prashanja-shto-zadolzhitelno-treba-da-si-gi-postavite-pred-da-vdomite-mileniche-01.jpg

Најпрво што треба да знаете е дека овие животни најчесто се напуштени или оставени на улица и дека со вдомувањето го правите нивниот живот поубав.

Но, дали сте вие подготвени на предизвикот?

Поставете си ги следниве прашања, за да можете полесно да донесете одлука:

Дали сум подготвен/а на таа одговорност?

Кога земате мало милениче, вие му ги воспоставувате навиките. Но, ако спасувате возрасно животинче, ќе треба време да се навикнете еден на друг.

Бидете подготвени на обврски како прошетки, ветеринарни прегледи, храна, играчки... Ако не сте, одложете го вдомувањето.

Дали оваа идеја ќе им се допадне на сите во семејството?

Иако одлуката е ваша, потребно е да се консултирате и со членовите на семејството. Бидете начисто дали некој од нив се нафаќа на делење на обврските околу миленичето. Некогаш тоа може да биде потешко отколку што мислите.

prashanja-shto-zadolzhitelno-treba-da-si-gi-postavite-pred-da-vdomite-mileniche-02.jpg

Распрашајте се за расата

Штом сте решиле да вдомите куче или мачка, очигледно е дека расата не ви е битна. Често, овие животинчиња се мешани, но кога би знаеле од која раса потекнуваат, полесно ќе биде да истражите за предностите и недостатоците на истата.

Дали новото милениче би се вклопило со другите во вашиот дом?

Вие најдобро знаете какви се животните што веќе ги чувате и врз основа на тоа можете да одлучите дали ќе прифатат уште еден член во големото семејство.

Исто така, треба да ги знаете и карактеристиките на животното кое планирате да го вдомите, за да дознаете повеќе за него.

prashanja-shto-zadolzhitelno-treba-da-si-gi-postavite-pred-da-vdomite-mileniche-03.jpg

Зошто животното е напуштено?

Знаејќи ги причините, полесно ќе одредите дали сте вие личноста која треба да го вдоми. Дали било спасено од насилни сопственици? Дали сопственикот починал? Дали е напуштено?

Така ќе знаете колку внимание и трпение ќе ви бидат потребни во периодот на адаптација.

Дали има медицински проблеми?

Кога вдомувате повозрасно милениче, побарајте медицинска историја. Со некои проблеми можете да се справите лесно, со редовни посети на ветеринар и адаптирана исхрана. Но, доколку неговите денови се избројани, може да биде голем стрес за вас и вашето семејство да го изгубите по само неколку месеци.

prashanja-shto-zadolzhitelno-treba-da-si-gi-postavite-pred-da-vdomite-mileniche-04.jpg

Дали претходно било чувано во домашни услови?

Кучињата и мачките кои веќе биле чувани во домашни услови имаат основен тренинг за тоа. Но, ако се родени бездомни и се спасени од улица, тогаш адаптацијата може да биде доста потешка.

Ако не вдомам, дали можам на друг начин да помогнам?

Ако сфатите дека во овој момент немате услови за вдомување, распрашајте се дали можете некако да помогнете. Здруженијата за заштита на животните и приватните стационари секогаш имаат потреба од помош, и парична и физичка. Ако имате желба, вклучете се во тие активности.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...
7 забавни факти за октоподите – имаат сина крв и три срца Од неверојатна интелигенција (можат да отвораат дури и тегли) до способност за к...
Колку се опасни гасениците боров четник (и што да правите ако ги имате во дворот)? Гасениците познати како боров четник се најголемите штетници за боровите, но се ...
16 преслатки миленици кои како да се препородија откако беа вдомени (фото) „Школска другарка ми се јави да ми каже дека под хаубата има заглавено маче и не...

Најчитани неделава